Начинот на кој ја подготвуваме и конзумираме храната може да биде честа причина за накачување на килограмите или отежнување на процесот на слабеење. Но, за среќа, грешките кои ги правиме во кујната може да се поправат со здрави алтернативи кои ќе ги отстранат вишокот килограми.rnrn
rn
1. Погрешно користење на маслото
rnМногу видови масло не се прилагодени за високи температури односно немаат висока точка на чадење (температурата на која маслото може да се загрева без да чади) поради што доаѓа до уништување на сите хранливи состојки и создавање на супстанци кои се лоши за здравјето. Најдобро е за пржење да користите масло од маслена репка и палмино масло, додека маслиновото е одлично за свежи салати или за додавање на самиот крај од готвењето на јадењата.rn
2. Лоша проценка на порциите
rnКога ја сервираме храната во чинии обично порциите ги дефинираме од око, што е и те како погрешно за нашата линија. За контролирање на големината на порциите ќе ви помогне следниот совет: во чинијата ставете половина од количината која мислите дека можете да ја изедете, ако не сте сити, додадете уште неколку залаци.rn
3. Доследност во следење на рецептите
rnДоколку доследно ги почитувате количините и состојките во рецептите за подготовка на разни јадења, се лишите од можноста да ги направите поздрави и помалку калорични. Така, ако рецептот ви вели да употребите 240 мл слатка павлака, вие можете да ставите половина од таа количина, а остатокот да го надоместите со пире од авокадо. Таквата промена значително ќе ја намали масленоста и калориите на приготвеното јадење, а воопшто нема да влијае на неговата текстура и вкус.rn
4. Каснување на од јадењето во текот на подготовката
rnСѐ додека се работи за гриз од убавиот крај на краставицата или парче од доматот со кој подготвувате салата, оправдано е. Но, ако пробувате од јадењето на шпоретот во неколку наврати, натопувате леб во манџата која се крчка или јадете од сварените тестенини додека го приготвувате сосот, тоа само ви додава дополнителни калории. За да не ве фаќа стрв од храната околу која се вртите во кујната, практикувајте да испиете чаша вода кога сте во кујната, а ако веќе каснувате по некое залче додека готвите, ставете толку залчиња помалку потоа во чинијата кога сѐ ќе биде готово.rn
5. Избегнување нови свежи зачини
rnСолта, шеќерот и маслото се најкористените засилувачи на вкусот кои ги додаваме во скоро секое јадење не размислувајќи како количините влијаат на калориите кои на тој начин ги добива јадењето. Наместо стандардните зачини, обидете се да користите свежи или суви билки со интензивен мирис и интересен вкус кои ќе го збогатат секое јадење, а вашата линија ќе ја држат под контрола. Има многу такви зачини, некои од нив се: циметот, биберот, ѓумбирот, семето од синап, лутиот буковец, босилекот и др.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.