Секогаш кога имате работа со тешки или непријателски настроени личности, важно е да заземете цврст став. Ова е ваш живот. Можеби не можете да контролирате сѐ што другите ви прават, но можете да одлучите дека нема да стоите во некој ќош со „подвиткана опашка“. Можете да одлучите дека нивните дела и постапки нема да влијаат на вашето срце и ум. А, над сѐ, можете да одучите покрај кого ќе чекорите утре, а кого ќе го оставите зад себе уште денес. Немојте да им дозволите на другите да ви ги прават следниве работи…rnrn
rn
1. Не дозволувајте да ве вовлекуваат во непотребни караници
rnНемојте никогаш да губите време да им се објаснувате на луѓето кои веќе неколку пат покажале дека немаат разбирање за вас. Никогаш немојте да ја дефинирате својата интелигенција и сопствената вредност по бројот на караници од кои сте излегле како победник, туку по тоа колку пати сте рекле дека караницата не е вредна за губење на вашето време.rn
2. Не дозволувајте да ве вовлечат во нивната негативност
rnПозитивноста е избор. Избирајте мудро. Бидете доволно мудри да се оддалечите од негативноста која ве опкружува, бидејќи таа во ниту една ситуација не е вредна, ниту за вас, ниту за вашата добрина.rn
3. Не дозволувајте да ве малтретираат
rnНасилничкото однесување е погрешен начин на однесување. Не постои слобода на овој свет која ѝ дава право на друга личност да ве напаѓа. Запомнете дека никој нема моќ да направи да се чувствувате мали, освен ако вие не го дозволите тоа.rn
4. Не дозволувајте вашите пријатели да бидат неискрени со вас
rnАко не се искрени, тогаш не ви се вистински пријатели. Можеби не можете да ги избирате роднините, но пријателите и тоа како можете. Бидете добар пријател кон сите што ве заслужуваат, а само вистинските и искрени пријатели ќе ве задржат до себе.rnrn
rn
5. Не дозволувајте постојано да ве лажат
rnДоколку забележите дека некој ве лаже, тогаш не молчете. Некои луѓе ќе се обидат постојано да ве лажат, за да ги остварат своите лични интереси. Личноста која ве лаже не е добра личност. Дистанцирајте се од неа што е можно побрзо.rn
6. Немојте да им дозволувате на луѓето да ве искористуваат
rnПонекогаш луѓето не ги забележуваат работите што ги правите за нив сѐ додека не престанете да ги правите. Тоа не е во ред. Сфатете го тоа. Вие заслужувате подобро. Вие заслужувате луѓе со кои ќе можете да се смеете, кои не ве земаат здраво за готово и луѓе кои нема да ве остават на цедило.rn
7. Немојте да им дозволите на другите да ве уверат дека промените се лоша работа
rnОна што не можете да го промените, обично ќе ве промени вас. Промената се случува со причина. Помирете се со тоа. Тоа нема секогаш да биде лесно, но на крај секогаш ќе се исплати.