„Jazz“ е 90-метарска луксузна јахта, дизајнирана од страна на лондонската архитектонска компанија Zaha Hadid, во соработка со германската бродоградителска фирма „Blohm+Voss“. Екстравагантната внатрешност е соодветна за секој кој сака да патува по море, во луксузно живеалиште, за да доживее несекојдневно искуство.rnrn
rnrnЦврстата надворешност имитира оклоп на инсект или раковидно животно, што претставува знак на архитектонска сила, пријатна е за око и футуристичка според концептот. Внатрешноста на суперјахтата е една бескрајна белина, со минималистички додадени елегантни дрвени површини. Облините и дупките кои ги има надворешноста, се исто така нагласени и во внатрешноста. Серијата јахти „Jazz“, се состои од вкупно пет луксузни и уникатно дизајнирани јахти, а освен оваа, останатите четири се во изградба.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.