Поучна приказна: Филозофијата на животот се крие во одговорите на 3 суштински прашања
Многу одамна живеел еден цар кој трагал по филозофијата на животот. Тој сакал да ја најде потребната мудрост за да управува со царството, но и да владее сам со себе. Постоечките религии и филозофии од неговото време не ги задоволувале неговите потреби за знаење. Царот ја барал неговата филозофија во самиот живот.
По некое време сфатил дека му требаат 3 одговори на 3 суштински прашања. Тие можеле да му го дадат она што го барал. Станувало збор за следниве прашања:
1. Кое време е најважно?
2. Кој е најважен?
3. Што е најважно да се направи?
По долга потрага по одговорите, царот конечно ги нашол благодарение на еден скитник кого случајно го сретнал пред портите на царството. Што мислите, кои биле одговорите? Погледнете ги прашањата повторно. Размислете неколку секунди пред да ги прочитате одговорите во продолжение…
Зграпчете го моментот
Сите го знаеме одговорот на првото прашање, но честопати го забораваме. Најважното е време е сегашноста. Тоа е единственото време што го имаме. Ако сакате да им кажете на вашите родители колку ги сакате и колку сте им благодарни, сторете го тоа сега. Не утре. Не за 5 минути. Сега. За 5 минути може да биде предоцна. Ако сакате да му се извините на вашиот партнер, немојте да измислувате секакви причини поради кои не би го направиле тоа сега. Можеби никогаш повеќе нема да имате таква шанса. Зграпчете го моментот!
Нека струи љубовта меѓу вас
Второто прашање е многу подлабоко. Само неколкумина можат да го погодат вистинскиот одговор. Одговорот е дека најважната личност е онаа со која што сте во моментот. Комуникацијата и љубовта можат да струјат помеѓу вас и човекот до вас, без оглед за кого се работи, само тогаш кога во моментот тој е најважната личност на светот. Тој човек ќе го почувствува тоа и ќе ви возврати.
Брачните паровите честопати се жалат дека партнерот воопшто не ги слуша. Кога поминувате време со саканите, без разлика колку сте уморни или зафатени, треба да направите сѐ за тие да се чувствуваат како најважните луѓе на светот. На работа, доколку се однесувате со вашиот клиент како со најважната личност на светот, тоа може да има позитивно влијание на вашата кариера, па дури и на заработката.
Не заборавајте дека треба да се грижите и сами за себе. Тогаш вие треба да бидете најважната личност. Имате доволно време за да си посветите внимание. Кој е првиот човек за кого сте свесни наутро кога ќе се разбудите? Вие! Дали некогаш си велите „Добро ми утро и убав ден“? Зошто да не почнете?
Бидете грижливи
И на крај, одговорот на третото прашање. Најважното нешто што треба да го направите е да бидете грижливи. Што значи тоа? Бидете внимателни и заинтересирани за она што се случува токму сега во моментот заедно со личноста која е до вас.
Прочитајте ја и оваа поучна приказна која ќе ве убеди дека секое лошо носи и нешто добро.