Што и да ви се случи, знајте дека постои добра причина за тоа. Оваа приказна носи поучна порака дека никогаш не треба да очајуваме и да веруваме дека дошол крајот на светот, без разлика низ што поминуваме. Утре е нов ден.rnrn
rnrnВо една богата земја живеел моќен крал. Тој имал свој верен слуга кој го следел секогаш и секаде, а бил познат по тоа што постојано му велел: „Никогаш не знаете какво добро ќе ви донесе тоа.“ Бидејќи кралот често запаѓал во различни непријатности, почнал малку да се фрустрира од изреката која слугата без прекин ја повторувал.rnrnЕден ден кралот со својата придружба отишол на лов за да ја испроба својата нова пушка. Поради неисправност на пушката, при пукањето тој изгубил еден прст на раката. Слугата како и секогаш рекол: „Ваше височество, немојте да се вознемирувате, никогаш не знаете какво добро ќе ви донесе тоа.“ Кралот се налутил и засекогаш го протерал својот слуга од неговото кралство.rnrnПо кратко време кралот со брод тргнал на патување, сакајќи да го запознае светот. Во текот на патувањето ги снашла голема бура и кралот заедно со својата придружба доживеале бродолом. Невремето ги исфрлило на остров населен од човекојадци.rnrn
rnrnОткако ги заробиле, човекојадците секоја вечер правеле специјален ритуал, убивајќи по еден член на кралската придружба. Кога дошол ред кралот да биде убиен и изеден, домородците забележале дека му недостасува еден прст на раката.rnrnСпоред нивното верување, каков било физички недостаток непоправливо го расипувал месото, а луѓето кои имаат такви недостатоци се сметале за личности кои носеле голема несреќа, па затоа кралот веднаш бил протеран од островот и така се спасил. Тој потоа успешно се вратил во своето кралство и се сетил на својот стар слуга. Веднаш пратил гласници за да го побараат и да го вратат во дворецот со цел да му се заблагодари и да го награди.rnrnКралот вистински се израдувал кога го видел слугата, му раскажал што се случило со човекојадците и сфатил дека тој секогаш му мислел добро. „Поради сето ова, одлучив да те наградам како што заслужуваш, но и да ти се извинам што те протерав од моето кралство“, рекол кралот.rnrnСлугата одговорил, „Нема потреба да се извинувате Ваше височество, никогаш не знаевме какво добро ќе донесе тоа.“rnrnКралот се изненадил од одговорот и го прашал слугата: „Што сакаш да кажеш со тоа?“rnrnТој смирено одговорил, „Ваше височество, да не ме протеравте тогаш од вашето кралство, сигурно и јас ќе бев во вашата придружба на патувањето, па домородците и мене ќе убиеја и изедеа.“rnrnОд тој ден кралот никогаш повторно не се посомневал во изреката на неговиот верен слуга.
Поучна приказна која ќе ве убеди дека секое лошо носи и нешто добро
