9 екстремно опасни локации каде што и ден денес живеат луѓе

Сподели

Земјата е нашиот дом и понекогаш ни изгледа како секој дел од неа да е подобен за живот. Сепак, надвор од удобните домови кои сме ги создале постојат и некои многу неудобни места. Овие 9 локации се навистина екстремни и иако изгледаат опасно, некои луѓе успеале да ги претворат во свој дом.rn

Реклама

1. Кастелфолит де ла Рока, Шпанија

rnОва мало село е лоцирано на камен кој настанал пред илјадници години од лава. Ридот на кој е сместено селото е висок 50 метри и се протега на должина од 1 километар. Популацијата во ова село е околу 1.000 жители.rn

2. Висечкиот манастир, Кина

rnВо овој манастир има олтари од будизмот, таоизмот и конфучизмот. Многу од ходниците се направени долж стрмните карпи кои се како ѕид. Од 1982 година манастирот е заштитен како национален споменик на Кина.rn

3. Замокот Лихтенштајн, Германија

rnОвој замок се наоѓа на висина од 817 метри. Веднаш до него се наоѓаат урнатини од средновековна тврдина која била изградена помеѓу 1150 и 1200 година, а уништена во доцниот 14-ти век. Замокот е граден од 1840 до 1842 година и во него има колекција од историски оружја и оклопи. Тој е отворен и за посетители.rn

4. Манастирите Метеори, Грција

rnСтрмните карпи на кои се сместени манастирите ги заштитувале од напади. Низ историјата имало 22 или 24 манастири. Многу од нив денес се урнатини и сега постојат само 6, од кои 4 се манастири за мажи и 2 за калуѓерки.

Продолжува на следната страница…rn

Најново

Може ќе ве интересира