Зошто комарците ве касаат повеќе од другите луѓе?

Зошто комарците ве касаат повеќе од другите луѓе?

Вистина е дека некои луѓе имаат поголеми шанси да бидат каснати од комарци за разлика од другите. Но немојте да се грижите. Ако спаѓате во оваа група, добро е да знаете дека има начин како да станете помалку „привлечни“ за овие натрапници.

(1)zoshto-ve-kasaat-komarcite-kafepauza.mk.gif

Бидејќи постојат повеќе од 3.000 видови комарци и научниците сè уште се обидуваат да откријат што е примамливо за секој од нив, важно е да знаете дека постојат многу причини зошто баш вие сте настрадале.

1. Веројатно само се препотувате

(2)zoshto-ve-kasaat-komarcite-kafepauza.mk.gif

Потта значително ви ги зголемува шансите да се здобиете со убод од комарец. Научниците откриле дека луѓето кои се поактивни додека се надвор поверојатно е да се испотат. Со ова тие испуштаат млечна киселина од нивното тело – а таа ги привлекува комарците. Потта исто така емитува повеќе јаглероден диоксид што е уште едно од омилените нешта на комарците, па вам значително ви се зголемуваат шансите да бидете каснати.

2. Бременост

(3)zoshto-ve-kasaat-komarcite-kafepauza.mk.gif

И овде важи емисијата на јаглероден диоксид. Научниците откриле дека бремените жени (и луѓето со поголема тежина) испуштаат повеќе јаглероден диоксид од другите што ги прави поголема мета за бубачките.

3. Немирни сте

(4)zoshto-ve-kasaat-komarcite-kafepauza.mk.gif

Верувале или не, првата работа која ќе ве „открие“ на комарците е тоа колку мрдате во една точка. Луѓето кои се немирни се полесни мети за комарците. Движењето ги привлекува комарците кои се оддалечени од вас, а вашиот мирис има улога дури кога тие ќе се приближат. Ако сте надвор навечер, застанете до некој кој е немирен. Тогаш комарците ќе го нападнат него, а не вас.

4. Вие едноставно сте неодоливи

(5)zoshto-ve-kasaat-komarcite-kafepauza.mk.gif

Сигурно има некоја генетска компонента, па начинот на кој ја преработувате храната произведува одредени бактерии кои во комбинација со мастите и другите работи кои се лачат од вашата кожа ја зголемуваат шансата да бидете каснати. Но ова не е толку едноставно. Додека некои луѓе произведуваат материи кои им се привлечни на комарците, постојат толку многу комбинации од овие материи така што е невозможно да се одреди која материја е привлечна, а која не.

Без разлика дали сте склони кон убоди од комарци, еве неколку совети за да го избегнете тоа. Овие совети гарантираат речиси целосна заштита од комарците и од болестите што тие ги пренесуваат…

Цедење: Тргнете ја целата вода што можете од вашиот двор. Не им олеснувајте на комарците да ви се приближат.

Облекување: Носете блузи со долги ракави и долги панталони и осигурете се да бидат широки. Комарците можат да ве каснат и преку тесна облека.

Одбрана: Нанесете ги правилно средствата против комарци. Треба да ги нанесувате на секои 2 часа или почесто ако се испотите. Исто така нанесувајте ги откако ќе се избањате во базен или во море.

Погледнете и кои растенија ќе ви помогнат да се заштитите од комарците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар