Познато е дека комарците го пренесуваат вирусот „зика“ кој претставува сè поголем проблем во одредени делови од светот. Иако нашата земја во моментов не е во опасност, добро е да знаете кои билки ги одбиваат комарците, без разлика дали ја пренесуваат оваа болест или не. За да бидете сигурни, заштитете се на време и имајте убави и пријатни летни ноќи.
rn
1. Босилек (Ocimum basilicum)
rnОсвен што ѝ дава одличен вкус на италијанската храна, босилекот исто така, е одличен при одбивањето на комарци.
rn
2. Валеријана (Valeriana officinalis)
rnНеколку студии покажале дека оваа билка овозможува и до 10 пати поголема заштита од комарци за разлика од други спрејови создадени за таа цел.
rn
3. Свилен конец (Ceiba speciosa)
rnОва дрво има доста непријатен и одбивен мирис за комарците, но не и за луѓето. Затоа свилениот конец може да ви послужи како прекрасен украс во вашиот дом или градина.
rn
4. Здравец (Geranium macrorrhizum)
rnОва билка е доста лесна за одржување, а одлично штити од непосакуваните комарци.
rn
5. Маточина (Melissa officinalis)
rnНаберете неколку листови, смачкајте ги помеѓу вашите дланки и истријте ги на кожата за да се заштитите од комарците.
rn
6. Цитронела (Pelargonium ‘citrosum’)
rnОд оваа билка можете да направите мелем во комбинација со уште некоја од билките на оваа листа или пак, едноставно истријте ја кожата со неа.
rn
7. Лаванда (Lavandula angustifolia)
rnЛаванда многу ефикасно ги одбива комарците. Освен тоа што ќе се ослободите од досадните и непосакувани комарци, исто така, вашата градина ќе мириса како никогаш до сега.
rn
8. Мајчина душичка (Thymus)
rnКиселата арома ги одбива штетните инсекти, како што се комарците, а ги привлекува оние корисните, односно пчелите. Ова билка можете благо да ја истриете од кожата, на ист начин како стиковите, и ќе ви послужи како одлична заштита против комарци. Нема да предизвикате никаква иритација на вашата кожа.
rn
9. Невен (Calendula officinalis)
rnМногу лесно расте и се размножува, а бубачките и инсектите не го поднесуваат неговиот мирис.
rn
10. Нане (Mentha) и рузмарин (Rosmarinus officinalis)
rnОвие две билки ги одбиваат комарците, а освен тоа имаат многубројни намени во кујната.
Да го споиме убавото и корисното. Секоја од овие билки е одличен украс за вашиот дом или градина, но и мирисаат преубаво. Плус, ги спречуваат комарците да ви се приближуваат, па затоа и се одлично решение за секој дом.

