КАФЕ ПАУЗА

На денот пред венчавката ѝ стигнала порака: „Јас не би се омажила за него, а ти?“

Кејси од Австралија не можела да го дочека денот кога ќе се омажи за нејзиниот свршеник. Но, таа никогаш не помислила дека само неколку часа пред венчавката ќе ѝ стигне порака што целосно ќе ѝ го промени животот. Исповедта на оваа девојка која мислела дека ќе биде најсреќна на светот на денот кога требало да се омажи за својот вереник Алекс не е воопшто лесна за читање. Нејзиниот среќен ден се претворил во пекол, а ние ви ја пренесуваме нејзината приказна.rnrnrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnСтоев во венчаницата додека ги гледав лицата на моите пријатели и семејството кои им беа воодушевувачки. Требаше тоа да биде најубавиот ден во мојот живот, а сите тие требаше да го посведочат тоа. Алекс и јас бевме заедно шест години. Штом го запознав знаев дека тој е вистинскиот и дека ќе живееме среќно до крајот на животот.rnrnНа мојата моминска забава седев со другарките во модерна хотелска соба. Се шегувавме и се смеевме, а потоа заѕвони мојот телефон. Тоа не беше воопшто чудно, затоа што цела вечер ми стигнуваа пораки во кои луѓето ми посакуваа сè најдобро пред утрешниот ден. Меѓутоа, оваа порака беше поинаква. Тоа всушност беа извадоци од телефон во вид на слики од непознат број. После тие слики ми стигна следнава порака: „Јас не би се омажила за него. А, ти?“rnrnИзвадоците од телефонот беа слики од дописите помеѓу мојот иден сопруг и жената која ми ги испрати. Имаше и многу разменети селфиња. А, таа жена беше сè што јас не сум – јас сум русокоса и бледа, а таа е темнокоса црнка. Тие разменувале пораки до денот пред да ми ги испрати, а се допишувале со месеци. Мозокот ми се блокираше од шокот. И во ниту еден момент не се запрашав дали тоа е некоја шега, едноставно почувствував дека е вистина.rnrn„Овој викенд. Само ти и јас. Биди подготвена.“ „Изгледаш неверојатно, а во кревет си фантастична. Да знаеше мојата девојка да прави барем половина од тие работи.“ „Толку ми недостасуваш, мислам на тебе. Никогаш не сум полудел по никого како сега“.rnrnСето ова ѝ го испраќал, и стотици слични пораки, а секоја беше нож во моето срце. Требаше да се омажам за него за само неколку часа. А, како да откажам кога фамилијата ми допатува од сите краишта од светот? Мислев дека ќе умрам од понижување и се расплакав како никогаш дотогаш.rnrnМоите другарки веќе беа подготвени да одат кај него и да му се осветат. Инсистираа да му се јавам и да откажам сè. Но, јас го сакав Алекс. Сакав да се омажам за него. Бев во огромен шок за да можам да почувствувам бес и не му се јавив. Секако, не склопив очи таа ноќ и само што се раздени ги разбудив другарките и им реков дека донесов одлука – настанот ќе се одржи, а јас во клучен момент ќе кажам дека знам сè.rnrnИ така одев кон олтарот во фустанот кој до вчера беше моја венчаница од соништата, а тој ден се претвори во костим за кловнови. Алекс немаше поим што му се подготвува. Застанав на средина од собата, длабоко вдишав и пред сите ја кажав вистината за Алекс.rnrnДенес нема да има свадба затоа што испадна дека Алекс не бил тоа што мислев дека е – реков. Алекс почна да ме фаќа за раце, но јас во нив го држев телефонот со сликите. Ја прочитав на глас секоја порака. Алекс стануваше сè поблед.rnrnНа крајот, кога завршив со читање, така расплакана го погледнав. Тој ме гледаше немо. После тоа истрча од црквата, а по него и кумот. Неговата фамилија остана со отворена уста гледајќи во мене.rnrnСите ве сакам и драго ми е што сте со мене иако поводот е ужасен. За жал, денес нема да се прослави венчавка, но сите ќе ја славиме искреноста, потрагата по вистинската љубов и слушањето на срцето дури и кога вистината боли – им реков на сите.rnrnСледуваше неодлучен аплауз. Дали постапив правилно и на правилен начин ги соопштив вестите? Со оглед на тоа дека после тоа следуваше сјајна забава, верувам дека правилно сум постапила.rnrn[/message_box]rnrnПрочитајте кои се грешките што невестите признаваат дека ги прават на венчавка.