10 стилски чевли што секоја професионална жена треба да ги има

Сподели

Професионалната облека понекогаш може да биде навистина задушлива – црни панталони, закопчани кошули, сиви палта… Но постои еден дел од облеката со кој може да експериментирате – вашите чевли. Кога облеката за на работа ви изгледа здодевна, посегнете по некои од овие чевли. Ќе се изненадите како само еден пар чевли може да го подобри вашиот изглед.rn

Реклама

1. Чевли со шпиц

rnАко работите во канцеларија, апсолутно ви се потребни чевли со шпиц. Не само што изгледаат одлично со сè, туку прават да изгледате моќно и со самодоверба.rn

2. Чевли со дебела потпетица

rnОвие чевли се одлична комбинација на удобност и стил. Многу се удобни и ќе ви ја дадат потребната висина за да бидете главни во просторијата. Ова е најдобриот избор доколку не сакате да се грижите дали ќе го превиткате вашиот глужд.rn

3. Чизми со висока потпетица

rnИнвестирајте во пар чизми со висока потпетица. Овие чизми се одлични за студеното време бидејќи ќе ве стоплат, а сепак ќе изгледате модерно и професионално. Можете да одберете и чизми до глужд кои изгледаат исто толку добро.rn

4. Балетанки

rnНема потреба секој ден да носите чевли со високи потпетици. Балетанките се одлична замена бидејќи се женствени и доволно пристојни за во канцеларија.rn

5. Чевли со боја на кожа

rnАко сакате пар чевли кои можете да ги облечете без многу размислување, потребен ви е пар со боја на кожа. Овие чевли можете да ги носите во секоја сезона и ќе одговараат со која било облека. Комбинирајте ги со шарен фустан за најдобар резултат. Исто така, ќе ви се допадне и начинот на кој ќе ги издолжат вашите нозе.rn

6. Мокасини

rnБизнисот не е само машка територија, а истото важи и за мокасините. Комбинирајте ги со костум и не прифаќајте „Не“ за одговор.rn

7. Чевли кои привлекуваат внимание

rnЗа да си го разубавите денот, облечете чевли кои привлекуваат внимание. Чевлите со некоја жива боја се најдобар начин да го направите тоа. Но запомнете, вниманието треба да доаѓа од нивната боја, а не од висината на потпетицата.rn

8. Чизми до колена

rnАко сакате да носите фустани и здолништа кои завршуваат над вашите колена, овие чизми се одличен начин да ги покриете вашите нозе а сепак да изгледате модерно. „Голите“ нозе во канцеларијата може да направат да се чувствувате премногу изложено, па чизмите до колена се одличен начин да ги покажете вашите нозе без да покажувате многу кожа.rn

9. Оксфордки

rnОксфордките се верзија на патиките која е пристојна за во канцеларија. Тие се ниски, лесни за чекорење и имаат врвци, но се доволно формални за на работа. Овие чевли се одлични за деновите кога знаете дека ќе имате работа надвор од канцеларијата. Исто така, се одлични доколку патувате со велосипед или со јавен превоз.rn

10. Чевли со мала потпетица

rnМногу жени не ги сакаат овие чевли, но изгледа и тие се враќаат во мода. Доброто кај нив е што изгледате повисоки, но доаѓаат без болката од чевлите со високи потпетици.

Погледнете и кои модели на чевли ќе ви бидат потребни оваа година.

Популарно

Може ќе ве интересира