8 аномалии на нашата планета за кои науката сѐ уште нема објаснување

8 аномалии на нашата планета за кои науката сѐ уште нема објаснување

Нашата планета секогаш успева да нѐ изненади. Има нешто неверојатно на секој крај од светот, нешта што прават дури и најголемите скептици да веруваат во чуда. Погледнете ги овие места кои се полни со чуда и мистерии.

1. Магнетен рид, Индија

(1)8-anomalii-na-nashata-planeta-za-koi-naukata-se-ushte-nema-objasnuvanje-kafepauza.mk

Ако го паркирате вашиот автомобил на дното на ридот, тој ќе почне да се движи нагоре. Ова изгледа како некоја невидлива сила да го влече автомобилот. Нема конкретно објаснување за овој феномен, но некои луѓе мислат дека е илузија предизвикана од гравитацијата на ридот.

2. Долмени, Кореја, Кина, Индија, Израел, Русија…

(2)8-anomalii-na-nashata-planeta-za-koi-naukata-se-ushte-nema-objasnuvanje-kafepauza.mk

Овие огромни камени конструкции кои формираат нешто што наликува на маса, се наоѓаат на неколку разни места во светот. Археолозите сметаат дека тие претставуваат древни гробници на свештеници. Понекогаш овие конструкции предизвикуваат промени во часовниците, а електронските направи се однесуваат чудно во нивна близина.

3. Водопадот Вечен оган, САД

(3)8-anomalii-na-nashata-planeta-za-koi-naukata-se-ushte-nema-objasnuvanje-kafepauza.mk

Овој необичен водопад е создаден од природата. Феноменот кој се појавува веројатно е од пукнатините кои емитуваат природен гас. Понекогаш огнот се гаси и мора да биде повторно запален. Постои верување дека секој кој ќе го „оживи“ огнот ќе биде благословен со големо богатство.

4. Замокот Франгокастело, Грција

(4)8-anomalii-na-nashata-planeta-za-koi-naukata-se-ushte-nema-objasnuvanje-kafepauza.mk

Крит е познат по единственото документирано временско привидение во светот. Секоја година, околу крајот на мај, сенки од вооружени војници и јавачи се движат од манастирот Акиос Караламбос до тврдината на Франгокастело. Феноменот се набљудува рано наутро кога морето е тивко, а влажноста на воздухот висока, и трае околу 10 минути. Германските сили кои ја окупирале оваа земја, речиси полуделе од страв кога го виделе ова привидение.

5. Чешките катакомби, Чешка

(5)8-anomalii-na-nashata-planeta-za-koi-naukata-se-ushte-nema-objasnuvanje-kafepauza.mk

Легендите објаснуваат за звук од оргули кој доаѓал од чешките катакомби. Во 1996 година научниците успеале да ги документираат. Подземниот премин е на длабочина од 9 метри, и нема ниту една просторија во која може да се смести толку голем инструмент. Сведоците на овој феномен дури биле испитани од психолози за да се утврди дека не станува збор за масовна халуцинација. Главната атракција сепак е „Сјајниот коридор“. Истражувањата покажале дека нема траги од фосфор во него, но иако на почетокот изгледа обично, по некое време почнува да емитува црвенкаст сјај.

6. Камената шума, Кина

(6)8-anomalii-na-nashata-planeta-za-koi-naukata-se-ushte-nema-objasnuvanje-kafepauza.mk

Ова е можеби најголемото чудо во оваа држава. Камената шума постои повеќе од 200 милиони години. Пред тоа, овој предел бил море каде што дебелите слоеви од варовник формирале огромни зданија. Тектонските движења направиле камењата да излезат на површината. Во подземниот дел од шумата се наоѓа пештера која е вистинско чудо. Од август до ноември, на секои 30 минути, подземната река создава вртлог кој трае само неколку минути, а потоа брзо исчезнува.

7. Реката со 5 бои, Колумбија

(7)8-anomalii-na-nashata-planeta-za-koi-naukata-se-ushte-nema-objasnuvanje-kafepauza.mk

Во поголемиот дел од годината оваа река изгледа како и секоја друга, но во летото се претвора во вистинска палета од бои. Уникатните алги ја „украсуваат“ реката со црвена, розова, сина, зелена и жолта боја. Според легендите, под водопадот се наоѓа богатството на Ла Мохана (Мајката на водата).

8. Крвавиот водопад, Антарктик

(8)8-anomalii-na-nashata-planeta-za-koi-naukata-se-ushte-nema-objasnuvanje-kafepauza.mk

Овој крваво-црвен водопад не замрзнува дури ни на температура од -10 степени Целзиусови. Глечерот е еден од најстудените кои имаат течна вода. Група научници од Харвард докажале дека „крвавото езеро“ е дом на микроби кои го предизвикуваат овој неверојатен природен феномен.

Погледнете ги и овие спектакуларни светски чуда за кои веројатно немате слушнато.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар