15 најлоши работи кои можете да ѝ ги направите на вашата кожа

15 најлоши работи кои можете да ѝ ги направите на вашата кожа

За здрава кожа неопходни се неколку работи: чистење два пати дневно, ексфолијација, навлажнување и нанесување заштитна крема за сонце. Но понекогаш секој од нас си има навики кои мислиме дека не прават ништо, но всушност предизвикуваат голема штета. Еве 15 работи кои треба веднаш да престанете да ги правите ако сакате да имате здрава и чиста кожа.

1. „Стискање“ на мозолчињата

(1)15-najloshi-raboti-koi-mozhete-da-i-gi-napravete-na-vashata-kozha-kafepauza.mk

Иако ве предизвикуваат, оваа навика може да ви донесе само инфекција. Инфекцијата ќе води до повеќе мозолчиња, а може да ви останат и лузни. Наместо да ги стискате, нанесете продукт за третирање на мозолчиња и црнки и еднаш месечно одете на козметичар. Доколку имате големи и болни акни, посетете дерматолог и не ги третирајте сами.

2. Ги чепкате сраснатите влакна и лузните

(2)15-najloshi-raboti-koi-mozhete-da-i-gi-napravete-na-vashata-kozha-kafepauza.mk

Како и стискањето на мозолчињата, и ова може да предизвика инфекција. Ова се случува кога влакното не може да ја пробие кожата па резултатот обично предизвикува црвенило и чешање. За да ги избегнете сраснатите влакна секогаш бричете ги во насоката на растење. Ласерското отстранување на влакна исто така ја спречува оваа појава.

3. Честа ексфолијација

(3)15-najloshi-raboti-koi-mozhete-da-i-gi-napravete-na-vashata-kozha-kafepauza.mk

Ексофлијацијата е одлична за вашето лице, но ако претерате со неа можете само да ја влошите состојбата. Кога ја применувате секој ден не ѝ дозволувате на вашата кожа да закрепне од третманот, а ова води до нејзино сушење и зголемено лачење на маснотии. Ограничете го ексфолирањето на еднаш неделно, и тоа со нежен пилинг.

4. Често миење на лицето

(4)15-najloshi-raboti-koi-mozhete-da-i-gi-napravete-na-vashata-kozha-kafepauza.mk

Ако имате мрсна кожа сигурно мислете дека треба почесто да го миете вашето лице. Но честото миење може само да го зголеми лачењето на масти. Лицето треба да го чистете два пати дневно, наутро и навечер. Чистењето навечер е многу важно бидејќи додека спиеме кожата природно се обновува и се лечи. Ова обновување не е многу ефективно ако кожата не е чиста.

5. Си легнувате без да го исчистите лицето

(5)15-najloshi-raboti-koi-mozhete-da-i-gi-napravete-na-vashata-kozha-kafepauza.mk

Без сомнение ова може да биде навистина тешка задача после напорен ден или после излегување. Но ако не го чистите вашето лице, особено ако имате шминка, вашите пори ќе се затворат и ќе се создадат акни и мозолчиња. Исто така вашата кожа може да изгледа постара и на неа да се развијат многу бактерии.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар