КАФЕ ПАУЗА

Со правилна исхрана до полесно заспивање

Со правилна исхрана до полесно заспивање

Сонот влијае на исхраната и исхраната влијае на сонот. Недостатокот на сон може да ве натера да јадете повеќе отколку што навистина ви е потребно, но тоа ќе го избегнете со добро избалансирана исхрана. Таа ќе го поттикне излачувањето на серотонинот и на тој начин позитивно ќе влијае на сонот, а ќе помогне и во одржувањето на здрави навики во спиењето.Со правилна исхрана до полесно заспивањеНутриционистот Ејми Џејмисон – Петоник тврди дека храната која се консумира пред спиење треба внимателно да се избира. Таа одговара на некои од најчестите прашања поврзани со оваа тема.rn
rn

Дали е сеедно какви јаглехидрати се консумираат пред спиење?

rnЗа добар и мирен сон пожелно е да изберете храна која ќе ве снабди со комплексни јаглехидрати, кои во големи количини се наоѓаат во целите зрна жито, интегралниот ориз, грашокот, интегралниот леб, интегралните тестенини итн. Ако се снабдите со „гориво“ од извори на прости јаглехидрати, како на пример, слатки, газирани сокови или бел леб, тогаш доаѓа до значајни промени во нивото на шеќер во крвта, а тоа ќе ве оддалечи од мирниот сон.rn
rn

Што може да се касне пред спиење?

rnАко веќе мора да се касне, тоа треба да биде мала ужинка, а не оброк. Се препорачува комбинација од протеини со комплексни јаглехидрати. На пример, мало парче пилешко со мало парче интегрален леб, или парче младо сирење со интегрален леб.rn
rn

Дали е важно колкава количина храна се јаде пред спиење?

rnТешко ќе заспиете ако му дадете работа на вашиот желудник. Најдобро е последниот оброк во денот да го изедете барем три часа пред легнување.rn
rn

Дали млекото, чајот и алкохолот помагаат при тешкотии со заспивање?

rnМлекото содржи протеини кои можат да помогнат, а постојат и некои докази дека чајот од камилица исто така може да биде од корист. За разлика од нив, алкохолот нанесува само штета на сонот. Тој може да ви помогне да заспиете на почетокот, но постои ризик да се разбудите ненаспани на сред ноќ, без можност повторно бргу да заспиете токму како последица од алкохолот.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn