КАФЕ ПАУЗА

Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)

Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)

Филм за случајностите кои може да имаат фатални последици, сè додека не ги погледнете од комичната страна и за тоа дека изгледот понекогаш навистина лажеrnrn Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Режија: Илај КрегrnrnУлоги: Тајлер Лабин, Алан Тудик, Катрина БоуденrnrnВреметраење: 89 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 9 декември 2010 годинаrnrnЖанр: комедија, хорорrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————-rnНекои денови не ви се гледаат динамични акции, заплеткани трилери или „лигави“ романтични комедии. Некогаш едноставно сакате да се опуштите, да не размислувате премногу и да не се инволвирате длабоко емоционално во приказната на филмот. Сакате да ве изненади, насмее, разведри некој филмски жанр каков што одамна не сте погледнале. „Такер и Дејл наспроти злото“ е баш филмот кој треба да си го пуштите вечерва доколку одлучите да останете дома. rnrnИнтересен спој од хорор и комедија, кој не е некоја глупава пародија на која не би знаеле дали се смеете по навика или затоа што е навистина смешно. Филмот е онолку предвидлив колку за да не ви го замара мозокот, онолку грозен колку за да не се згадите, страшен колку да ве држи во мала неизвесност и смешен таман за да ви ја направи вечерта. Згора на сè, е и толку долг колку што е потребно за еден филм кој му припаѓа на овие два жанра.rn————————————————————————————————————————————————–rn

rn

rnrnПриказна: Такер и Дејл се двајца морничави жители на рурална средина, кои држат продавница покрај автопат. Тука наидува група размазени студенти, кои пак се тргнати на одмор во планина. Меѓу нив се и две привлечни русокоси со кои Дејл се обидува да направи муабет, но тие преплашени само брзо се качуваат во џипот и продолжуваат да патуваат. На Такер и на Дејл не им е јасно што е причината за ваквата реакција, но едноставно се помируваат дека Дејл не го бива баш со девојките.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Такер и Дејл цел живот сонувале да имаат своја викендичка на планина и конечно ова им се остварува. Одлучуваат да заминат таму за викендот за да пијат пиво, да ловат риби и да се релаксираат. По некоја случајност, младите момци и девојки се на истото место, каде како резултат на сплет на околности, една од русокосите девојки завршува во нивната викендичка.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Нејзините другари се обидуваат да ја спасат од сомнителните „селани“, но при секој обид всушност самите се убиваат. Од перспективата на Такер и Дејл пак, изгледа како да се работи за група студенти со самоубиствени претензии кои дошле овде групно да завршат со своите животи. На никој не му е јасно што вистински се случува, а луѓето еден по еден си умираат.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Приказната во филмот тече спонтано, средно динамично и сосема по малку предвидливо. Хуморот е спореден, но различен. Хорор-елементите се присутни, но недоминантни. Заради ова, дејството е фино спакувано во 90-минутна приказна која ќе ви го покачува адреналинот, ќе ве засмејува и ќе ве остави со импресии.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Кога и како да го гледате: Ова е филм за во друштво. Не седнувајте да го гледате сами, освен ако не сте принудени. Секако дека не е ни за преку ден, заради тоа што во основата е хорор-приказна. Страшните и грозни елементи не ги има премногу, ниту се неподносливи, така што не мора да се плашите дека ќе скокнете со садот со пуканки при некое ненадејно или непријатно дејство.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)rnrn

rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.