Зошто бремените жени имаат чудни соништа?

Зошто бремените жени имаат чудни соништа?

Тоа дека жените во текот на бременоста имаат почудни и пореални соништа може да звучи како мит, но е феномен кој навистина постои. Исто така и причината за ова е еден вид мистерија. Првото нешто што се прави со кој било психолошки феномен е истражувањето дали тој е реален. Во овој случај, поради огромниот број докази, јасно е дека станува збор за нешто што жените навистина го искусуваат.

(1)zoshto-bremenite-zheni-imaat-chudni-sonishta-kafepauza.mk

Како и секој аспект од бременоста, секое искуство на жените во овој период е различно. Многу бремени жени изјавиле дека нивните соништа се многу пореални и поинтензивни, многу подобро ги помнат и им се случуваат многу често.

Најчеста тема на овие соништа била нивната неподготвеност за пристигнување на бебето. Некои жени сонувале животни, вода, патувања, неверен партнер, архитектура, катастрофи или компликации при породувањето. Многу од овие соништа се всушност кошмари, и за разлика од некои други феномени, постојат цврсти докази дека се почести во поодмината бременост.

(2)zoshto-bremenite-zheni-imaat-chudni-sonishta-kafepauza.mk

Едно истражување од 2014 година покажало дека жените во третото тромесечје од бременоста искусуваат најмногу кошмари. Содржината на соништата се менува со менувањето на телото на жената. Нејзините соништа ја отсликуваат нејзината промена и стравовите и надежите за детето што треба да се роди.

Во првото тромесечје соништата за вода и за плодност се најчести. Како што се менува телото, тие стануваат сѐ помалку апстрактни и сѐ повеќе за бебето и за она што се случува со телото. Конечно, во последното тромесечје почнуваат соништата со страв за породувањето и она што следува после него. Сето ова најверојатно се случува поради неколку причини: Масивно зголемување на хормоните и често прекинување на сонот.

(4)zoshto-bremenite-zheni-imaat-chudni-sonishta-kafepauza.mk

Бидејќи бремените жени се будат почесто навечер (поради неудобност, физиолошки потреби или поради мрдање на бебето) тие неколку пати ја прекинуваат РЕМ фазата од нивното спиење. Во оваа фаза се случуваат соништата, па кога ќе се разбудат додека сонуваат многу е полесно да ги запомнат соништата и тие изгледаат пореални.

Не може многу да се направи за соништата во текот на бременоста. Едно решение е тие да се искористат како показател за она што ги измачува во реалниот живот. Има многу видови соништа во текот на бременоста бидејќи ова е период од животот кога жените најмногу сонуваат. Некој од нив се дури и убави – соништа за родендени, одмори или прослави кои може да рефлектираат некој заклучок или весела прослава.

Дознајте го и значењето на соништата кои се повторуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар