Оваа сабота на „Телма“ во 19 и 15 часот ќе имате прилика да го погледнете едно од најинтересните изданија на бр. 1 ток-шоуто „Еден на Еден“ во оваа осма сезона.rnrnОвој пат Жаре ја угости Ивана Чолаковска – девојката од Македонија која заедно со своето момче Ману, на мотор го прошета целиот свет и собра еден куп неверојатни анегдоти и искуства.rnrnИвана ќе каже зошто одлучи да тргне низ светот, ќе раскаже за убавите и неубавите моменти од обиколката на земјината топка, а богами со пар авантури и ќе нѐ шокира!rnrnОваа сабота мора да бидете пред малите екрани и да го погледнете исклучително интересниот разговор на Жаре и Ивана.rnrnhttps://youtu.be/4WaEAsFMfyE
„Еден на еден“: Македонката која го прошета целиот свет е гостинка на Жаре (ВИДЕО)
