5 совети за зафатените луѓе
Имате ли забележано колку се зафатени сите? Ние ја сакаме зафатеноста бидејќи нашето општество смета дека тоа е најдобрата форма на продуктивноста. Како резултат на тоа ни аплаудираат. Колку позафатени, толку подобро. Но со што сме толку зафатени?
Нашите бизниси и работни места се еден вид мрзеливост која нè спречува да се фокусираме на работите кои најмногу ги цениме. Работи како здравјето, семејството, пријателите и страстите. Дали навистина треба да бидеме толку зафатени? Колку од нас го правиме она што го правиме бидејќи и другите го прават тоа? Дали би ви дошло добро малку време за одмор? Ако одговорот е да, погледнете ги овие 5 идеи за како да го намалите темпото на вашиот распоред.
1. Работете помалку
Дали навистина треба да работите толку многу, или треба да престанете да трошите толку многу пари на работи кои баш и не ви требаат? Кога ќе исфрлите некои од овие „удобности“ (најновите телефони, компјутери, автомобили) и ќе направите место за потребните работи, ќе ви останат многу пари. Па, нема потреба да работите толку многу.
2. Бидете јасни
За што сте толку зафатени? Кога не ви јасно што сакате да постигнете, ве „удираат“ итните работи и постојано пробувате да постигнете сè. Има голема моќ во јасноста.
3. Велете „Не“
Сигурно имате најдобра намера кога преземате повеќе од што можете да поднесете. Кога ви е јасно што е најважно во вашиот живот, викањето „Не“ на вишокот работи ќе ви стане многу полесно.
4. Една работа во исто време
Мултитаскингот не е ефективен начин да сработите повеќе. Всушност, тоа е совршениот начин да направите повеќе со помалку ефикасност. Запрашајте се кои ви се трите најважни задачи за денес, и работете ги една по една.
5. Во ред е да не завршите сè
Вашата работа никогаш нема да биде целосно завршена. Што побрзо сфатите дека секогаш ќе има уште нешто за работење, толку полесно ќе ви биде да се помирите со фактот дека нешто останало недовршено. Нема повеќе да се чувствувате дека мора постојано да постигнувате сè.
Погледнете ги и овие совети за одржување баланс кога сте премногу зафатени.