Обрнете внимание на овие 5 знаци за да дознаете дали сте во врска со вистинскиот човек за вас

Обрнете внимание на овие 5 знаци за да дознаете дали сте во врска со вистинскиот човек за вас

Навидум совршените врски не се секогаш такви какви што изгледаат отстрана. Сигурно знаете некои примери на луѓе кои раскинале иако делувало како многу да се сакаат. Генералното мислење е дека ако партнерите сакаат да останат заедно, среќниот крај е неизбежен. Но, ова не се случува секогаш во вистинскиот живот.

Обрнете внимание на овие 5 знаци за да дознаете дали сте во врска со вистинскиот човек за вас

Понекогаш, вреди да се запрашате дали вашиот партнер е вистинскиот човек за вас. Постојат 5 главни знаци кои ќе ви помогнат да ја оцените вашата врска. Според повеќето психолози, ако забележите некој од нив во вашиот случај, тоа е знак дека врската не функционира како што треба. Прочитајте за што станува збор…

1. Постојани кавги

Повеќето луѓе веруваат во изреката „Кој се кара, тој се сака“. Секако дека во врската невозможно е целосно да се одбегнат караниците. Тие не само што се неизбежни, туку се и важни за развојот на врската. Но, доколку кавгите станат секојдневна појава, тоа е знак дека треба да размислите за односот што го имате со вашиот партнер. Границата помеѓу нормална караница и нешто посериозно е многу тенка. Остар коментар може да предизвика сурова навреда што може да биде еден чекор до физички напад.

Мора да мислите на вашата иднина: Во што ќе се претворите за неколку години? Каков ќе ви биде животот за 5-10 години кога страсната љубов ќе исчезне, а постојаните кавги и навреди ќе останат? Треба да создадете ментална слика за вашата иднина со таа личност и да видите како таа се вклопува со вашите идеи за семејство и љубов.

2. Љубомората не е љубов

Честопати се вели дека колку повеќе љубомора постои во врската, толку посилна е љубовта. Но, во реалноста тоа не е баш така. Љубомората е деструктивна и мора да ја држите под контрола. На пример, ако вашиот партнер прифати нечија помош, тоа не значи дека тој има интимни чувства за таа личност. Но, многумина од нас не ја разбираат оваа едноставна вистина и ги гледаат саканите како своја сопственост. Во животот постојат многу нешта што можат да ги зближат луѓето, но љубомората многу лесно може да уништи сѐ.

Љубоморта е всушност показател на недостаток на самодоверба. Со цел да се ослободиме од болката што го предизвикува овој недостаток, ние ја пренесуваме на нашите сакани. Љубомората нема никаква врска со љубовта, но има голема врска со зависните врски. Во овој случај, заклучокот е очигледен.

3. Далечина

Кога саканите одат надвор од земјата да учат или да работат, честопати тоа многу ѝ наштетува на врската. Колку поголема е далечината меѓу вас, толку поретко ќе успевате да се видите во живо и толку повеќе ќе свикнувате на тоа да не поминувате време заедно. Врските на далечина се многу тешки. Само по неколку месеци разделба, менталната слика од вас и вашиот партнер почнува да избледува. Колку и да разговарате преку Скајп или Вајбер, тоа никогаш нема да го замени заедничкиот живот. Дури и да преживее љубовта, вашата врска е осудена на пропаст.

Обрнете внимание на овие 5 знаци за да дознаете дали сте во врска со вистинскиот човек за вас

4. Постојано се сомневате во вашиот избор

Сосема нормално е да има моменти кога ќе се сомневате во врската, кога ќе се претворите во плашливци и ќе станете нервозни од помислата на тоа да се венчате со вашиот партнер и да останете заедно засекогаш. Но, во здравите врски, времето ќе ви помогне да го намалите сомнежот и стравовите. Колку подолго сте заедно, толку помалку анксиозност ќе чувствувате. Како што ќе ги дознавате особините и квалитетите на вашиот партнер, така врската ќе ви предизвикува среќа, а не паника.

Но, ако чувствувате постојан сомнеж, тоа е знак дека нешто недостасува во вашата врска или во вас самите. Можеби вашето минато ве спречува да се препуштите и ве плаши. Или можеби самата врска ве тера да ја преиспитувате вашата одлука. Во секој случај, не би требало да ги игнорирате овие чувства.

Некомпатибилни цели

Сигурно повеќе пати сте ја чуле изреката „Спротивностите се привлекуваат“. Но, во животот тоа не е баш така. Вашата врска можеби била совршена додека и двајцата сте учеле на истиот факултет, но во моментот кога сте почнале да градите различни кариери, вие сѐ помалку сте поминувале време заедно. Како последица на тоа, вашите чувства почнале да заладуваат.

Ќе можете да градите заеднички планови и да уживате во среќата, само ако вашите животни цели се усогласуваат. Секако дека е невозможно да најдете некој со исти приоритети како и вашите, но мора да имате слични погледи кон работи како што се основање семејство, поделба на улогите во домот, воспитување деца, образование и морални вредности. Ако вашите мислења драстично се разликуваат, нема потреба да се лажете себеси, без разлика колку е силна вашата љубов.

Направете добра анализа на вашиот партнер: Дали тој е човекот со кого би можеле да изградите сериозна врска?

Прочитајте ги и овие 5 знаци кои укажуваат дека имате проблем со довербата во врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар