Иако живееме во 21-ви век, сите сме сретнале некој кој мириса лошо. И баш кога сакате да му го кажете тоа ќе се сетите дека таквиот разговор би бил многу непријатен и не сакате да си го нарушите добриот однос. Впрочем, никој не сака да биде оној кој ќе го потенцира непријатниот проблем, но без разлика дали и понатаму ќе трпите нечиј мирис на нехигиена или ќе се впуштите во дискусија со неизвесен крај, ситуацијата во секој случај е непријатна. Решението веројатно лежи некаде на средината, во разговор со којшто на личноста ќе ù се даде до знаење за проблемот, а во исто време ќе избегнете конфликт. За да го постигнете тоа следете ги следните неколку насоки:rnrn
rnrn
Ставете се во кожа на другиот
rnНе тргнувајте веднаш во напад. Прво ставете се во кожа на оној кој треба да ја добие информацијата. Никој не сака да шири лоша миризба околу себе, па размислете како би се чувствувале вие во таква ситуација, дали би сакале тоа да ви биде потенцирано и на кој начин.rnrn
Расчистете со себе
rnПолесно ќе ја понесете одговорноста да ги пренесете лошите вести ако расчистите со она што го кажувате. На крајот на краиштата, лошиот мирис е природен, па ако го прифатите тоа, ќе ви биде полесно да го направите разговорот и ќе го спасите пријателот или колегата од поголемо понижување.rnrn
Кажете го тоа насамо
rnОва не смее да биде тема на разговор пред други луѓе. Ако сакате работата да ја завршите безболно, или што е можно побезболно, разговарајте на некое место каде што никој нема да ве слушне, ниту ќе ве прекине. Чувството на приватност ќе се засили и ако избегнете да кажете дека и некој друг ви го потенцирал проблемот со лошата миризба.rnrn
Бидете јасни
rnКога му кажувате некому дека мириса лошо, неопходно е да бидете јасни, директни и љубезни. Не заобиколувајте затоа што може лошо да ја пренесете пораката. „Мислев дека би сакал да знаеш дека кога ќе се доближам до тебе се чувствува некаков непријатен мирис“, или „сметам дека е важно да го знаеш ова“ – ваков старт би бил добра опција.rnrn
Почекајте го одговорот
rnМожеби се работи за некој здравствен проблем, а можеби веднаш ќе ја увиди грешката. Како што веќе рековме, никој не сака да шири лош мирис околу себе, па логично е тоа што вашиот соговорник ќе заземе одбранбен став. Очекувајте дека ќе се засрами, ќе се брани или ќе одрекува, па за намалување на непријатноста неопходно е да му дозволите да одговори на вашата сериозна забелешка.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
