Урнебесна и поучна приказна: Како да се справите со немирно дете?

Урнебесна и поучна приказна: Како да се справите со немирно дете?

Понекогаш омилената активност на децата е да им одат на нерви на возрасните. Ова може да се случи додека се шетате во паркот или кога пазарите во супермаркет. Детето почнува да вреска, да се однесува лошо и да прави бељи. Главното прашање е: Како да останете смирени во ситуации кога детето станува неподносливо и неговото однесување излегува надвор од контрола? Ние го најдовме одговорот на ова прашање, а во тоа ни помогна следнава кратка приказна за еден дедо кој знаел како да излезе на крај со разгалените деца…

Урнебесна и поучна приказна: Како да се справите со немирно дете?

Една жена пазарела во продавница кога здогледала еден дедо и неговото лошо 3-годишно внуче. Нејзе веднаш ѝ станало јасно дека дедото се соочувал со голем проблем, бидејќи детето врескало дека сака бонбони и колачиња во делот за благи работи, сок во делот за пијалаци и овошје во делот за овошје и зеленчук.

Во меѓувреме, додека старецот се обидувал да заврши работа во продавницата и да земе сѐ што му треба, постојано велел со тивок и трпелив глас: „Полека Алберт, нема да се задржиме уште многу. Полека.“ Потоа детето повторно почнало да се однесува лошо и жената го чула дедото како смирено вели: „Во ред е Алберт. Само уште неколку минути и ќе си одиме. Издржи.“

На касата, малиот неранимајко почнал да фрла производи надвор од количката и дедото повторно почнал смирено да зборува: „Алберт, Алберт, смири се другар. Не се вознемирувај. Ќе си одиме дома за 5 минути. Остани мирен, Алберт.“

Жената била импресионирана! Излегла надвор и му се приближила на човекот кој ги ставал купените работи во автомобилот.

„Господине, знам дека не е моја работа но морав да Ви кажам. Прекрасно реагиравте во продавницата. Не знам како Ви успеа. Цело време бевте трпеливи и без разлика колку гласно и некултурно беше детето, вие продолживте смирено да му велите дека сѐ ќе биде во ред. Алберт е многу среќен што има дедо како Вас.“

„Ви благодарам госпоѓо, но јас сум Алберт. Малиов ужас се вика Стив“, одговорил старецот и влегол во автомобилот.

Сепак, да го погледнеме сето ова и од друга перспектива. Прочитајте зошто треба да ве радува ако имате немирни деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар