Родителите не сакаат да имаат немирни деца. Тие се гласни, нивната активност е тешка за контролирање и можат да ги доведат родителите во социјално непријатни ситуации. Ова последното веројатно е клучната причина за нивниот лош углед. Но, тие всушност имаат квалитети поради кои заслужуваат почит и треба да ве радуваат како родители.rnrn
rn
Немирните деца се независни
rnРодителите често посакуваат деца кои слушаат и убаво се однесуваат, додека немирните деца мислат за себе со своја глава и прават онака како што им се прави во моментот. Оваа особина се цени дури кога детето ќе порасне, но треба да ве радува ако тоа покаже такви знаци уште од рана возраст.rn
Креативни се
rnТие секогаш мислат поразлично од останатите. Нивната креативност не може да биде зауздана. Додека возрасните се трудат да мислат „надвор од кутијата“, немирните деца не ни знаат што е тоа. Тие никогаш не ни „биле во кутијата“ и не размислуваат така.rn
Чувствителни се
rnТие понекогаш влегуваат во активности кои ги карактеризираат како немирни поради тоа што негодуваат на неправдите. Кога возрасните прават нешто кое детето го смета за неправедно, тоа реагира поради чувствителноста на таквите работи, а неговиот бунт се смета за немирно однесување.rnrn
rn
Имаат свои уверувања
rnНемирните деца не се прават паметни, туку навистина се. Формираат свои уверувања согласно својата возраст и цврсто се држат до нив. Тиранското однесување на родителите може само да ги инспирира да се спротивстават.rn
Силни се
rnНемирните деца се силни. Нивното однесување е осудувано, но тие се отпорни на притисоците. Имаат поинакви ставови и се облекуваат различно од другите демонстрирајќи храброст и силна волја.rn
Тежнеат кон тоа да бидат разбрани
rnДури и ако одговорот на родителот е „не“, тие пак ќе се смират ако почувствуваат дека се разбрани нивните потреби. Не сакаат да им се наметнува авторитет, туку сакаат да бидат разбрани, макар последицата од тоа да биде негативен одговор на нивните желби.rnrn
rn
Кажуваат што имаат на ум
rnНе се срамат да го кажат она што го мислат без никакво каење во гласот. Кога се тинејџери тоа значи искажување на ставови по разни прашања кои за некого може да се контроверзни. Кога се деца, не им е гајле што ќе мислите кога ќе ви кажат дека не им се допаѓа вашиот подарок. Не се стискаат да зборуваат како децата кои важат за добро воспитани.rn
Енергични се
rnЕнергијата која ја гледате кај вашето немирно дете е онаа на спортистите, авантуристите и лидерите. Дајте им можност некако да ја канализираат таа енергија во продуктивни цели, но никако не осудувајте ги поради тоа.rn
Амбициозни се
rnНивното однесување може да биде резултат на фрустрација поради разликата меѓу нивните визии и она што го остваруваат во практика. Тоа е демонстрација на нивната амбициозност.rn
Тие се научници
rnНе учат така што го повторуваат она што ќе им го каже наставникот или некој друг авторитет. Тие учат преку експериментирање и увид во работите.