Како хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот?

Сподели

Секој хороскопски знак се однесува различно кога се работи за љубовта. Сите сакаат да најдат вистинска љубов, но ретко кој е подготвен да ги направи потребните жртви и компромиси за да ја зачува. Прочитајте како хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот…

Реклама

rn

Овен

rnОвните ја оттурнуваат сродната душа со тоа што не сакаат да се врзуваат и постојано се во движење.

Тие немаат проблем да се заљубат, бидејќи сакаат да доживуваат нови, возбудливи чувства. Меѓутоа кога нештата ќе станат сериозни и удобни, Овните почнуваат да се плашат. Тие се навикнати постојано да се движат, да менуваат работи и не знаат како да се однесуваат кога ќе ја најдат личноста со која би можеле да го поминат животот.rn

Бик

rnБиковите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што не ѝ ги простуваат грешките.

Биковите сакаат длабоко и страсно, но интензитетот на нивните емоции знае да ги премине границите на нормалата. Тие не простуваат и тешко им е да ги заборават грешките на партнерот, дури и ако го добиле посакуваното извинување. Воопшто не се флексибилни и се стремат кон совршенство во љубовта.rn

Близнаци

rnБлизнаците ја оттурнуваат сродната душа со нивната неодлучност.

Тие не знаат што сакаат од врската, но и од животот. Близнаците честопати очекуваат од партнерот тој да одлучува наместо нив. Наместо да бараат поддршка, тие очекуваат некој друг да им ги донесува важните животни одлуки и на тој начин целосно ја губат сопствената независност.rn

Рак

rnРаковите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што ѝ кажуваат како би требало да се чувствува.

Раковите имаат силна интуиција и добро знаат да ги прочитаат луѓето, а тоа знае да предизвика проблеми во љубовните врски. Честопати, тие инстинктивно се обидуваат да ги проектираат нивните сопствени чувства на партнерите или им кажуваат како би требало да се чувствуваат, наместо да ги сослушаат и да ги прашаат што им се случува.

rn

Лав

rnЛавовите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што се обидуваат да ги контролираат нештата врз кои не може да се воспостави контрола.

Лавовите секогаш ги преземаат работите во нивни раце и од ништо прават нешто спектакуларно. Но, оваа навика знае да им наштети во љубовниот живот. Тие не разбираат дека љубовта не може да се контролира и манипулира. Иако многу се трудат во љубовните врски, понекогаш знаат да ги исплашат партнерите со нивната потреба да доминираат во секој аспект од врската, наместо да ја остават да дише.rn

Девица

rnДевиците ја оттурнуваат сродната душа со тоа што се плашат од развојот на врската.

Секогаш кога ќе започнат среќна врска, нивниот мозок одлучува дека е време да почне да смислува милион причини зошто сето ова е лоша идеја и зошто нивната врска е осудена на пропаст. Колку и да се трудат нивните партнери, нормално е тоа што завршуваат повредени бидејќи Девиците постојано претеруваат со размислување и неуморно бараат причини за да бидат несреќни и незадоволни. Тие не ја оттурнуваат нивната сродна душа од себе, туку самите почнуваат да се оддалечуваат, поради што крајот на врската е неизбежен.rn

Вага

rnВагите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што ја наведуваат да помисли дека мора да се натпреварува со сите луѓе во нивниот живот.

Нема ништо лошо во тоа да се има многу пријатели и блиски личности. Но, партнерите на Вагите не можат да се вклопат во нивниот богат социјален живот и имаат чувство дека мораат постојано да се борат за нивното внимание.rn

Скорпија

rnСкорпиите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што се обидуваат да ја саботираат сопствената среќа.

Скорпиите не можат да поверуваат дека заслужуваат да бидат среќни со некого. Наместо да уживаат во моментот и да им се препуштат на емоциите, тие се борат со љубомората, сомнежите и постојаната грижа за тоа дали врската ќе трае или не.

rn

Стрелец

rnСтрелците ја оттурнуваат сродната душа со нивната претерана пасивност во врската.

Стрелците се безгрижни и позитивни, а тоа се нивните најдобри страни. Меѓутоа, овие особини поинаку се одразуваат на нивните љубовни врски. Нивната безгрижност преминува во пасивност и делуваат како воопшто да не се грижат околу тоа како се развива нивната врска. Со текот на времето, нивните партнери почнуваат да се плашат дека само тие се целосно посветени на врската и затоа постепено се оддалечуваат.rn

Јарец

rnЈарците ја оттурнуваат сродната душа со тоа што секогаш помислуваат на најлошото.

Јарците се многу практични и фокусирани во нивниот секојдневен живот, што е одлично за нивната кариера и амбиција. Но, кога се работи за љубовта, песимистичкиот став може да се одрази негативно на врската, поради што нивните партнери престануваат да се трудат и постепено се оддалечуваат.rn

Водолија

rnВодолиите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што се обидуваат да се заштитат наместо целосно да се препуштат.

Речиси сите Водолии биле многу повредени во минатото и затоа им е тешко повторно да го отворат срцето. Посигурно им е да останат ладни и далечни, иако таквото однесување остава уште понегативни последици не само на нивните партнери, туку и на нив самите.rn

Риби

rnРибите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што мислат дека проблемите ќе се решат сами по себе.

На Рибите не им е тешко да се поврзат со луѓето. Нивната добрина и сочувство делуваат како магнет на околината. Но, кога врската ќе стане посериозна, кај нив почнуваат да се јавуваат нереалистични очекувања и не знаат како да се справат со проблемите. Тие живеат со главата во облаците, наместо да се соочат со тешкотиите кои се неизбежен дел од секоја љубовна врска.

Доколку сакате да дознаете повеќе за тоа како вашиот хороскопски знак се однесува во љубовта, прочитајте која е вашата најлоша навика во љубовните врски.

Популарно

Може ќе ве интересира