Ако сте блиски со вашата сестра и ако го делите секој момент од вашиот живот, тогаш без сомнение ќе се пронајдете во следниве изјави. Вие поминувате толку многу време заедно и делите толку многу искуства, што некој би помислил дека станува збор за истата личност! Ако имате ваков однос со вашата сестра, погрижете се никогаш да не го растурите, бидејќи тоа е најдоброто нешто што досега сте го изградиле во вашиот живот.rnrn
rn
1. „Дали е тоа мојот џемпер?“
rnБидејќи постојано ја делите облеката, понекогаш може да биде тешко да се сетите што е ваше, а што нејзино. Често се случува да забележите дека таа ги носи вашите работи, па затоа и мора да кажете нешто! Но, ова ве прави само уште поблиски.rnrn
rn
2. „Многу личиш на мама/тато на оваа фотографија“
rnСо текот на годините, вие сè повеќе ќе почнете да се споредувате со вашите родители. Можеби и ќе помислите дека вие наликувате повеќе на мајка ви поради тоа што ги имате нејзините очи и дека сестра ви наликува на татко ви поради нејзината коса и секогаш кога ќе најдете доказ за ова, ќе го споделите со неа.rn
rn
3. „Тие едноставно ме разбираш“
rnБез разлика дали таа ќе ви прати некој смешен гиф или ќе ве посоветува за нешто што навистина ви било потребно да го чуете, вие чувствувате длабоко во себе дека таа е единствената што ве знае повеќе одошто се знаете самите.rnrn
rn
4. „Мора да го направиме ова заедно!“
rnКога последен пат ви се случило да видите некоја фотографија на Инстаграм и веднаш да помислите: „Морам да го направам ова со сестра ми“? Таа е вашиот партнер во криминал, зарем не? Ако правите нешто ново и возбудливо, таа е првата личност на која ќе помислите.rnrn
rn
5. „Ти го чувам грбот“
rnВашата сестра отсекогаш била вашата најдобра навивачка. Токму затоа и кој пат да го одберете, таа е тука, навивајќи гласно за вас. Таа ве чува и ве поддржува во сè, притоа без да ви постави ниту едно прашање!rnrn
rn
6. „Се сеќаваш кога го направивме тоа?“
rnКога ќе ве „удри“ носталгија, вашата сестра е првата на којашто ѝ пишувате. Тогаш почнува период на потсетување и навраќање во минатото што ќе ви донесе многу пријатни и топли емоции, притоа полнејќи ве со позитивна енергија.rnrn
rn
7. „Ти благодарам што не кажа никому за тоа“
rnВашата сестра е најголемиот бранител на вашите тајни. Таа знае сè за вас, но никогаш нема да го пренесе тоа на некој друг. Понекогаш дури и ја замислувате како голем сеф со вашите тајни, чија комбинација за отклучување ја знаете само вие.rnrn
rn
8. „Секако, ти си ми сестра и те сакам“
rnВие ќе направите сè за вашата сестра. Таа е вашата втора половина и ја сакате безусловно. Знаете и дека нема потреба постојано да ја потсетувате, но сепак обожавате кога и кажувате, но и кога ѝ покажувате колку ја сакате.rnrn
rnrnИстражувањата потврдуваат: Девојките со сестри се многу посреќни во својот живот!
