Дојде пролетта и сега е вистинското време за мини и здраво „ресетирање“ на вашиот организам. Овие 30 кратки совети ќе ви помогнат да се вратите на здравата патека за само еден месец.rnrn
rn
Ден 1: Испијте чаша вода веднаш откако ќе се разбудите
rnДа, пред да испиете кафе. Според студијата направена од страна на Универзитетот во Северна Каролина, чаша вода (особено топла) помага во стимулирањето на вашиот дигестивен систем, па вашето тело ќе може подобро да ги апсорбира хранливите материи и да ѝ помогне на храната полесно да се движи низ вашиот систем.rn
Ден 2: Потоа продолжете да ја пиете во текот на целиот ден
rnОва е најдобрата работа што можете да ја направите за вашето здравје. Водата помага во одржувањето на чистата кожа, но и ја подига вашата енергија. Исто така, водата ќе го забрза вашиот метаболизам.rn
Ден 3: Добивате бонус поени доколку додадете свежо исцеден лимонов сок
rnИстискајте малку лимонов сок во вашата вода и ќе добиете напивка која ќе го заштити вашиот имунолошки систем, но и ќе ви помогне да изгубите неколку килограми. Дупла победа за вас!rnrn
rn
Ден 4: Избирајте производи што содржат висок процент вода
rnЛубеницата, краставицата и ананасот содржат висок процент вода, па тие имаат ист ефект како и самото консумирање вода. Исто така, тие ќе ви овозможат да се чувствувате сито и задоволно подолго време од вреќичката чипс.rn
Ден 5: Не го прескокнувајте појадокот
rnРазбираме дека понекогаш морате со брзање да го напуштите домот, но според истражувањето од страна на Универзитетот Колумбија, прескокнувањето на најважниот утрински оброк може да го зголеми ризикот за срцеви заболувања, дијабетес и дебелеење. Па, станете порано и појадувајте.rn
Ден 6: Излезете надвор за време на паузата за ручек
rnДа, самото излегување на свеж воздух, барем околу 20-тина минути или помалку, е доволно да го подобри вашето расположение и да го намали стресот. Тоа е докажано и од истражувањето кое било спроведено на Универзитетот Стенфорд.rnrn
rn
Ден 7: Или уште подобро, јадете надвор со пријател или колега
rnДиректните средби со пријателите или колегите кои имаат пауза за ручек во исто време како вас, може да го подигне нивото на окситоцин, познат како хормонот на среќата. Стресот го блокира окситоцинот, додека среќата и добрите разговори го ослободуваат.rn
Ден 8: Одвојте време за да ги испланирате оброците
rnСамо вие, Гугл и тајмер поставен на 20 минути. Тоа е доволно за да ги зачувате сите рецепти кои сакате да ги направите. Правете го ова секоја недела пред да заминете во маркетот на пазарење и со тоа ќе ги скратите калориите. Првиот начин е тоа што ќе започнете да готвите повеќе, а вториот е тоа што ќе станите посвесни за вашата исхрана.rn
Ден 9: Заменете ги алкохолните собири за вежбање со пријател
rnЈога сесија со близок пријател може да биде подеднакво забавна и релаксирачка како и излегување во клуб, пиење вино и танцување.rnrn
rn
Ден 10: Изгледајте комедија
rnЕдно гледање на филмот „Деверици“ (Bridesmaids) ќе ви помогне да согорите 150 калории. Смеењето согорува помеѓу 10 и 40 калории за 10 минути.rn
Ден 11: Користете корпа за пазарување наместо количка
rnОва е многу поефикасно од вашите вежби за трицепс. Ви гарантираме.rn
Ден 12: И секогаш кога ќе имате можност, изберете ги скалите
rnОдењето горе-долу неколкупати во текот на денот навистина може да ја зголеми вашата кондиција и белодробниот капацитет.rnrn
rn
Ден 13: Направете неколку вежби за време на рекламите
rnСекако треба да чекате додека поминат рекламите. За тоа време можете да согорите од 10 до 50 калории, а за ТВ серија која трае час и половина, таа бројка навистина може да се зголеми.rn
Ден 14: Направете си шолја зелен чај
rnПокрај фактот дека ве чува од разни болести, зелениот чај исто така помага при губењето на несаканите килограми и ве прави поенергични и релаксирани.rn
Ден 15: Зголемете го внесувањето на зелен лиснат зеленчук
rnСамо затоа што се храните нездраво не значи дека треба да ја преполовите вашата банка со калории. Додека сте на ручек во некој ресторан изберете салата наместо полна чинија пржени компирчиња. Сигурни сме дека цената ќе биде иста.rnrnНа последната страница откријте ги преостанатите десет активности кои треба да ги завршите за да го обновите вашиот организам, да го промените вашиот живот и да го подобрите вашето расположение.rn
