Зошто е прекрасно да се заљубите во анксиозна личност?

Зошто е прекрасно да се заљубите во анксиозна личност?

Луѓето што страдаат од анксиозност не се совршени, но да бидеме реални – никој не е совршен! Кога љубите анксиозна личност, вие сакате некој што е во согласност со секоја своја емоција. Некој што чувствува сè со целото свое битие и не се извинува за тоа. Кога љубите анксиозна личност вие крај себе имате личност што е чувствителна и емпатична. И тие ќе бидат чувствителни не само со своето срце, туку и со вашето.

Зошто е прекрасно да се заљубите во анксиозна личност?

Анксиозните луѓе имаат моќ да ја почувствуваат вашата тензија по долгиот ден на работа. Тие ќе ја почувствуваат вашата лутина во истиот момент штом ви ги чујат чекорите. Тие ќе го прочитаат говорот на вашето тело и ќе го чујат начинот на кој зборувате и инстантно ќе знаат ако нешто не е во ред. Овие личности се чувствителни и стари души. Тие имаат многу големо срце. Токму затоа и ќе ја вложат сета своја енергија во врската.

Тие нема да ве земаат здраво за готово бидејќи знаат дека понекогаш е тешко да се биде во нивна близина, а знаат и дека е многу тешко да се најде љубов. Тие нема да ве остават, затоа што не им е природно да се оттргнат од некого што го љубат и затоа секогаш ќе бидат искрени со вас. Кога љубите личност со анксиозност, вие сакате некој што верува во вас со целото свое срце и ве љуби со целата своја душа. Тие знаат дека носат товар зад себе и знаат дека имаат проблеми што нивното ментално здравје понекогаш ќе ги донесе меѓу вас двајца, но веруваат дека нема да ги напуштите.

Кога љубите анксиозна личност, вие сакате некој што никогаш нема да ве остави сè додека се однесувате со почит. Вие сакате некој што ќе ви го даде целото свое срце ако го подарите и своето. Ова личност ќе ве чува и ќе се грижи за вас во сите моменти, без разлика дали се добри или лоши, бидејќи знаат точно какво е чувството. Анксиозните луѓе ќе ве задржат кога стресот ќе ве совлада затоа што знаат како е, бидејќи за нив е секојдневие.

И за крај, кога љубите анксиозна личност, вие сакате прекрасно човечко суштество. Секако, анксиозноста не ги дефинира како луѓе, а исто така и не треба да ја дефинира вашата врска. Но, само колку да знаете, тие не се скршени. Всушност, анксиозноста е причината поради која се толку силни и би биле среќни ако ги имате крај себе!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар