Рецепт на денот: Чоколаден мус со нане и боровинки

Сподели

За љубителите на чоколадото е доволно нивниот десерт да ја содржи само таа мала, главна состојка која го зголемува серотонинот. Но, кога во неа ќе додадеме нане и боровинки, тогаш тоа е навистина мал рај за љубителите на слатките задоволства.

Реклама

rn

Потребни состојки

rn

    rn011

  • 1 литар слатка павлака
  • rn011

  • 200 грама чоколадо за готвење
  • rn011

  • 125 грама путер
  • rn011

  • 3 јајца
  • rn011

  • 90 грама шеќер
  • rn011

  • 2 шаки свежо нане
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnЗагрејте ја павлаката додека не почне да испарува. Потоа додајте ги листовите нане и оставете да отстои еден час. Процедете и изладете. Заедно растопете го чоколадото и путерот на пареа. Изматете ги јајцата и шеќерот додека не добиете пенлив, светложолт крем. Процедете го ладниот крем, а листовите нане фрлете ги.

Лесно, со жица за матење, измешајте ја павлаката, но нека не стане премногу цврста. Во смесата со павлака и жолтиот крем додајте ја чоколадата и помешајте. Сипете во чаши и оставете да отстои еден час. Непосредно пред служење декорирајте го десертот со парчиња црно чоколадо и боровинки или кое било друго шумско овошје.

А, за вистинските љубители на чоколадото подготвивме чоколадни десерти за кои ви се потребни само 3 состојки

Популарно

Може ќе ве интересира