Ова е најубавото време во годината, а исто така и време кога повеќето се најмногу зафатени. Ослободете се од една обврска, а истовремено останете во тренд и оваа сезона така што ќе изберете некои од овие бои на лакови, со коишто вашите нокти ќе изгледаат прекрасно.rn
1. Светкаво златна боја
rnСо оглед на тоа што златниот лак обично повеќе одговара на темните тенови на кожата, оваа нијанса може да ја користат и личностите со посветол тен.rn
2. Розово-златна боја со сјај
rnНаместо само златна, користете ја оваа мешана боја од розова и златна нијанса, а со светкавите елементи ќе постигнете понежен изглед.rn
3. Сива боја како нијанса на гулаб
rnОва не е обична сива боја, туку изгледа малку поматна. Можеби ова е вашата неутрална боја за оваа сезона?rn
4. Сребрена нијанса
rnОваа нијанса има метален сјај кој ќе изгледа неодоливо на вашите нокти!rn
5. Темно црвена
rnВо склоп со новогодишните и божиќните декорации, со оваа боја нема да погрешите.rn
6. Темно зелена
rnОваа нијанса на шума ќе ви одговара со вашите домашни декорации, а исто така е и позабавна отколку обичните зелени нијанси.rn
7. Светкаво црна
rnИако со црното никогаш нема да погрешите, дополнете ја оваа боја со светкави елементи за да изгледате поелегантно и повпечатливо.rn
8. Кафеава боја со сјај
rnБојата на земјата надополнета со малку сјај е совршена комбинација за да изгледате поразлично овој месец.rn
9. Црвена боја со нијанса на вишна
rnОваа црвена нијанса одлично ќе одговара на вашата потемна зимска облека.rn
10. Бисерна боја
rnОваа боја одговара на секоја сезона, но особено доаѓа до израз овој период од годината. Исто така таа е добра затоа што со неа пократките нокти изгледаат подолги.

