Не мора одморите да ги планирате само за во лето или за во зима. Зошто да не си дозволите патување и во пролет? Ако барате уметност и култура, авантури или храна и вино, денес ви прикажуваме 6 прекрасни дестинации кои можете да ги имате предвид за пролетното патување.rn
Будимпешта, Унгарија
rn
rnrnСѐ додека не ја посетите Будимпештас, не можете да знаете колкави убавини крие таа. Тука ќе видите средновековни замоци, нови згради и синџирот мостови на реката Дунав. Во почетокот на април, како што се зголемуваат температурите, се создаваат совршени временски услови за истражување на градот пеш, качување по замокот Буда, посета на термалните бањи и пиење прекрасно вино. Се прашувате кој е најдобриот дел од сето ова? Можете да пронајдете многу евтини работи!rn
Осака, Јапонија
rn
rnrnИако често е засенувана од Токио, Осака, третиот по големина град во Јапонија, го заслужува вниманието на посетителите, особено за оние кои обожаваат храна. Пред сѐ, Осака е главниот кулинарски град во Јапонија каде што можете да најдете различни специјалитети во ресторани или пак храна на улица. Не пропуштајте да го посетите пазарот Куромон Ичиба, каде готвачите од Осака купуваат состојки.rn
Долината Дуоро, Португалија
rn
rnrnЗа долината Дуоро може да се каже дека е најпотценуваниот вински регион во светот (но исто така и најпрекрасниот). Таа се наоѓа во северниот дел на Португалија и е оддалечена само еден час источно од Порто – а се протега неколку километри низ бујни лозја. Во јули и август, топлите и суви временски услови може да бидат неподносливи, но затоа пролетта е прекрасна. Овде можете да дегустирате и да уживате во вкусот на различни вина.rn
Сицилија, Италија
rn
rnrnЛетниот одмор во Италија звучи романтично, но реално, во тој период ќе се соочите со гужви во хотелите, бескрајно долги редици за чекање, зафатени плажи… Па, зошто да не се одлучите да го посетите овој прекрасен остров во пролет? Тој е комбинација од различни култури и тука можете да најдете сѐ, од архитектура до разновидна кујна кои го покажуваат грчкото, арапското и шпанското влијание.rn
Грејт Смоуки Маунтинс, Тенеси
rn
rnrnЗа надворешните ентузијасти и оние кои бараат авантури, оваа дестинација е пролетен сон. Во април времето е прекрасно и пријатно и хоризонтите блеснуваат во боја од цвеќињата. Изнајмувањето место во пријателскиот град Гатлинбург е одлична опција за престој.rn
Оахака, Мексико
rn
rnrnОахака се наоѓа во југозападниот дел на Мексико и е далеку од зафатените плажи на Канкун или Кабо. Иако се наоѓа на маргините, овој град е културно богат, дом на музеи, барокни цркви и импресивна шпанска колонијална архитектура. Исто така ова место може да се пофали со една од највозбудливите храни во Мексико.