Запрашајте се: Што можат да забележат луѓето кај вас во рок од 7 секунди?

Сподели

Не треба да ја судиме книгата според кориците, но науката докажува дека ние го правиме токму тоа. Луѓето се склони во првите 7 секунди од запознавањето да создадат впечаток за одредена личност и иако тој често е погрешен, може да се држиме до него доста долго време. Верувале или не, може да заклучиме неколку работи за личноста во рок од неколку секунди од запознавањето.

Реклама

rn

1. Самодовербата

rnДесетина секунди се доволни за да процениме дали можеме да веруваме некому. Во едно истражување спроведено помеѓу студенти, една група имала 100 милисекунди за да ја процени привлечноста, агресивноста, симпатичноста, самодовербата и уште некои други особини на лицата на актерите, додека другата група не била временски ограничена. Размислувајќи за карактеристиките, на некои им требало повеќе, а на некои помалку време, освен кога била во прашање самодовербата – двете групи ја процениле во ист временски период.rn

2. Финансиската состојба

rnВашиот статус може да го открие облеката што ја носите. Истражувањата покажале дека луѓето кои носат брендирана облека како на пример, Диор, Шанел, Гучи, се сметаат за „побогати“.rn

3. Сексуалната ориентација

rnДали знаевте дека е потребна само 1 секунда за да процените нечија сексуална ориентација?

rn

4. Интелигенцијата

rnДали некој ќе ве смета за интелигентна личност може да зависи од вашиот начин на комуникација, т.е. од контактот со очите што го правите за време на разговорот. Контактот со очите за време на разговорот е многу важен. Дава впечаток на интелигентна личност, а најспособните помеѓу нас знаат да ја искористат и да ја претворат во предност.rn

5. Тенденцијата за промискуитет

rnЕдна студија покажала дека Британците поразлично ги доживуваат жените со тетоважи; ги сметаат за помалку привлечни, т.е. попромискуитетни од припадничките на понежниот пол чија кожа не е украсена со „цртежи“.rn

6. Доминантноста

rnИако многумина мажи очајуваат поради губењето на косата, студијата на Универзитетот Пенсилванија покажала дека тие немаат причина за тага – ќелавите мажи се окарактеризирани како подоминантни од оние коишто имаат коса.rn

7. Авантуристичкиот дух

rnИзгледот не е единственото нешто што луѓето го набљудуваат – некои впечатоци се создаваат од начинот на кој се движите. Луѓето кои одат поопуштено ги доживуваме како поотворени и посклони кон авантури.

Популарно

Може ќе ве интересира