90-тите беа интересно време во светот на убавината и шминката. Ја започнавме декадата со гранџ стил (колку потемен кармин, толку подобро), а ја завршивме со обожавање на поп музиката и сето она што доаѓа со неа (високо опавче, сјај за усни и светки). А сега, погодете што? Поголемиот дел од овие бјути трендови се вратија назад, секако, малку прилагодени од претходно. Во продолжение откријте кои 7 трендови од деведесеттите години овој пат ќе бидат голем хит.rnrn
rn
1. Токи и шноли за коса
rnСе сеќавате ли на оние огромни пластични нокти кои вие или вашата мајка неуморно ги носевте во деведесеттите? Денес украсите за коса се вратија во полн ек и сега можеме да ги пронајдеме во елегантни, металик варијанти кои совршено ќе ја надополнат вашата „неуредна“ пунџа.rnrn
rn
2. Фризура инспирирана од карактерот Рејчел (Пријатели)
rnАх, таа Рејчел… односно нејзината фризура која ги одбележа деведесеттите. За среќа, сега доаѓа во подолга, слоевита варијанта на лоб која совршено го „урамува“ лицето.rnrn
rn
3. Кафеав кармин
rnВо деведесеттите сите кул девојки (Гвен, Нами, Кејт, Дру) носеле кафеави кармини во чоколадни нијанси. Во 2017-та година испробајте кармин со виолетова нијанса и изберете молив за усни во истата боја.rnrn
rn
4. Сина шминка на очите
rnСилно сината сенка во деведесеттите се носела комплетно на целите очни капаци. Сега пак, ја гледаме како суптилен ајлајнер или пак нанесена по кравите на окото.rnrn
rn
5. Светки, светки, светки
rnКога станува збор за шминка на очите, во деведесеттите и тоа како се носеле светките. Многу светки! Без разлика колку забавно изгледа, сега сепак ги носиме во нешто посуптилна варијанта на капаците и образите.rnrn
rn
6. Француски маникир
rnИмате посебно место во срцето за холографија? Ве разбираме. Зошто овој тренд не би го пренеле на ноктите и на овој начин да носите малку помодерна варијанта на француски маникир.rnrn
rn
7. Високо опавче
rnБритни прва го покажа овој изглед во својот видео спот за песната „Oops! I Did It Again“. Последните неколку години ѕвездите како што се Џеј Ло и Бијонсе ги носат постојано и во сите варијанти, а заедно со овој изглед комбинираат малку накит.rnrn
rnrnДоколку не ви се допаднаа овие „постари“ бјути трендови, секогаш можете да погледнете назад и да испробате некој од трендовите што ја одбележаа минатата година.