КАФЕ ПАУЗА

Споделувањето информации на Фејсбук може да нѐ направи поинтелигентни

Споделувањето информации на Фејсбук може да нѐ направи поинтелигентни

Постојано споделуваме нешто на социјалните мрежи, меѓутоа постојат 2 типа луѓе кои споделуваат: Оние кои објавуваат статии без да ги прочитаат и оние кои навистина издвојуваат време за да погледнат што споделуваат со сите нивни Фејсбук пријатели.rnrnСподелувањето информации на Фејсбук може да нѐ направи поинтелигентниrnrnОсвен тоа, додека некои луѓе објавуваат бесмислени, бескорисни и глупави работи, има и такви кои објавуваат информации што се корисни. Кога станува збор за споделување статии на Фејсбук, сигурно ќе се согласите дека постојат многу придобивки од тоа.rnrnКога споделувате статии на Фејсбук, вие му поставувате предизвик на вашиот ум, бидејќи барате мислење од други луѓе на таа тема. Го поканувате светот на разговор со вас. Кога ќе се случи такво нешто, добивате многу поширока перспектива за работите.rnrnЛуѓето најмногу ценат кога ќе видат точни и вистински податоци на Фејсбук, особено ако се работи за успех на некој пријател. Кога си споделуваме такви информации меѓусебно, ние споделуваме знаење. Зар не е тоа одлично?rnrnНа прв поглед тоа делува како обичен клик, но станува збор за нешто многу повеќе. Дури можете и да си го подобрите угледот на вашиот бизнис преку објавувањето вистински статии на вистински места. На пример, ако споделите статија поврзана со вашата професионална област, предизвиканиот интерес би можел да ви отвори многу врати.rnrnТреба да обрнеме повеќе внимание на работите што ги објавуваме на нашите Фејсбук профили. Колку повеќе споделуваме, толку повеќе можеме да научиме. Во некои случаи, навистина успеваме да ги отвориме очите некому и да му ги прошириме хоризонтите. Интернетот е прекрасна алатка од која можеме многу да научиме, доколку знаеме како да ја користиме правилно.rnrnПостојат многу добри извори на информации, само треба да ги пронајдеме вистинските и да ги искористиме сите придобивки што ги нудат. Правилното споделување може да ве направи попаметни, така што не двоумете се дали да споделите статија или текст што мислите дека би заинтересирале некого.rnrnСподелувањето е многу важно, без разлика дали се одвива онлајн или во живо. Сите можеме да понудиме нешто некому и обратно, само треба да споделиме.rnrnПрочитајте ги и овие 10 корисни опции на Фејсбук за кои најверојатно не знаете дека постојат.