Дали клучот за среќата се наоѓа во овие три бројки?
Веќе ги знаете сите вежби за одржување на интелигенцијата и меморијата во топ форма, но дали знаевте дека тајната за долг и среќен живот може да лежи во броевите 5, 3 и 1? Истражувањата покажаа дека со само неколку минутна внимателна медитација и благодарност дневно, можете да ја зголемите енергијата, да го намалите стресот и да ја поправите можноста за донесување брзи и одлучни одлуки. Во продолжение прочитајте што треба да направите за да ја искористите моќта на овие три магични броја.
Медитирајте 5 минути секое утро
Студиите докажаа дека доволна е 5-минутна тивка и опуштена медитација за да го зголемите протокот на енергијата, да го намалите стресот и да го поправите вашето внимание. Не знаете од каде да почнете? Ви предлагаме да симнете некоја апликација за медитирање на вашиот мобилен телефон и да ги следете упатствата.
Направате листа од 3 добри работи кои ви се случиле во текот на денот
Ова може да биде што било – добивте комплимент од шефот, изедовте супер ручек, го сретнавте вашиот стар пријател… Позитивните аспекти од вашиот живот ве прават свесни за сето она што го имате и на што треба да бидете благодарни.
Правете по 1 љубезен чин секојдневно
Почестете го вашиот колега од работа со кафе или напишете ѝ „Те сакам“ на вашата сестра. Не мора да глумите мајка Тереза за да измамите насмевка на нечие лице.