КАФЕ ПАУЗА

И сладоледот како појадок има свои предности!

Сите истакнуваат дека многу е важно да не го прескокнувате појадокот. Со вистинскиот избор на храна, тој ќе ви ја даде потребната енергија за извршување на сите обврски кои ве чекаат во текот на денот. А како ви звучи сладолед за појадок?rnrnИ сладоледот како појадок има свои предности!rnrnИако веројатно никогаш не сте размислувале за ова, јапонските научници откриле како еден од омилените прехранбени производи ја подобрува будноста и менталните перформанси кај луѓето. Тие ги приложуваат и своите докази од ова тврдење. Испитаниците морале да јадат сладолед веднаш по будењето, а потоа да го вежбаат својот мозок на компјутерска програма. Се покажало дека кај оние кои консумирале сладолед, била забележана позабрзана реакција. Така, била забележана и поголема будност, која немала преголема поврзаност со студенилото на сладоледот. Имено, експериментот бил повторен и со ладна вода, но „чувството на будност“ по нејзиното пиење било помало отколку кога испитаниците го започнувале денот со сладолед.rnrnСе разбира, тука постои и друга страна на приказната која ја истакнуваат нутриционистите, кои во никој случај не советуваат да го замените квалитетниот појадок со десерт. Но, понекогаш е добро да се направи исклучок, зар не?rnrnЗбогатете го вашиот оброк и погледнете ги и овие оригинални предлози за здрав и лесен појадок.