Децата обично се нервираат ако им кажете да ги измијат садовите и тоа не е воопшто чудно, бидејќи сите знаеме дека домашните обврски не се забавни. Кој би сакал да потроши 20 минути на триење закоравен сос од патлиџани на чиниите, кога наместо тоа би можел да го гледа анимираниот филм „Замрзнато“ по милионити пат?! Ако обично им попуштате на децата за да ги одбегнете крокодилските солзи и на крајот вие ги миете садовите, постои добра причина зошто не треба да отстапите од вашето барање.rnrn
rnrnИмено, најновите истражувања покажале дека децата кои помагаат по дома стануваат поуспешни кога ќе пораснат.rn
„Со тоа што ги терате да помагаат по дома, да го изнесат ѓубрето, сами да си ја исперат облеката и слично, децата сфаќаат дека ќе мора да работат за да функционираат во животот. Ако децата не ги мијат садовите, тоа значи дека некој друг го прави тоа за нив. На тој начин тие не само што не работат, туку и не учат дека работата мора да се заврши и дека секој од нас треба да даде придонес за општото добро“, изјавила Џули Литкот-Хеимс од Универзитетот Стенфорд.
rnТаа исто така верува дека децата кои помагаат по дома ќе бидат подобри работници и ќе ги поседуваат потребните вештини за да соработуваат со колегите, ќе бидат посочувствителни и ќе знаат како самостојно да ги завршуваат работните задачи. Освен тоа, нема да морате да ги извршувате сите домашни обврски сами, така што ова откритие дефинитивно има двојни придобивки!rnrnВо продолжение погледнете го ТЕД говорот на Литкот за да добиете повеќе информации на оваа тема…rnrnrnrnПрочитајте ги и 6-те тајни на мајките кои израснуваат учтиви деца.