КАФЕ ПАУЗА

12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој пивски фестивал

12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој фестивал на пивото

Оваа сезона фестивалите на пивото се неизбежен дел од нашите животи. Можеби не се сите добри, но секогаш е подобро да отидете, отколку да не се напиете пиво воопшто. Штом ќе посетите неколку вакви фестивали, ќе забележите дека истите видови луѓе постојано се појавуваат. Па, погледнете кои се најчестите посетители на речиси сите фестивали за пиво.rnrn12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој фестивал на пивотоrn

1. Луѓето возбудени за пиварата што сè уште не постои

rnОвие луѓе веројатно ќе ве прашаат дали сте го забележале логото на некоја непостоечка пивара. Иако отворањето е закажано дури за 2020-та година, тие се возбудени уште од сега.rn

2. Фалбаџија

rnБез разлика колку е добро пивото, оваа личност пробала „подобра верзија“ што сигурно не е достапна на овој фестивал. Дури и да кажете дека и вие сте го пробале тоа пиво, ќе ве информираат дека тие го пробале пред вас и дека било посвежо.rn

3. Човекот што никогаш не научил да се движи во толпа

rnОваа личност или е заробена и го блокира целиот „сообраќај“, или минува без да размислува за другите и ги валка сите со неговото пиво. Неговите вештини никогаш нема да се подобрат.rn

4. Човекот што знае дека ја има најдобрата брада

rnНеговата брада е неверојатна, добро одржана и блескава, па слободно гледајте во неа. Сигурно ќе ја забележите и тивката самодоверба на неговото лице. Овој човек знае нешта. Овој човек видел сè.rnrn12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој фестивал на пивотоrn

5. Критичар

rnЕдноставно не е нормално цел ден да коментирате вкусови и различни видови пиво.rn

6. Оригиналниот посетител

rnОваа личност доаѓала на фестивалот уште додека тој бил илегален собир од 10-тина момци. Носи навистина стара маичка од некоја пивара која поминала низ 1.000 перења, но сè уште изгледа совршено. Оваа личност ги има најдобрите приказни.rn

7. Песимист

rnОваа личност ги знае и ги има пробано сите пива што се нудат на фестивалот и целосно е подготвен за негативни критики. Нему му се допаднало само некое пиво во неименувана пивница што го пиел пред многу години.rn

8. Фан на пиварата

rnОваа личност разговара со сопственикот или вработениот во пиварата како да е негов најдобар пријател. Се разбира, зад него има цела редица луѓе кои чекаат да дојдат на ред.rn

9. Нов посетител

rnОваа личност најверојатно ќе си замине порано, ќе заборави да јаде и ќе има незгодна ситуација во тоалетот.rnrn12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој фестивал на пивотоrn

10. Родители кои успеале да најдат дадилка

rnНивното дете има околу една година. Имаат само пет часа слободни за пиење и пијат како пивото да е при крај. Навистина ќе го мразат утрешниот ден.rn

11. Оптимист

rnОваа личност има само една критика за сите пива: Прекрасно е!rn

12. Личноста што се жали

rnНа некој начин оваа личност поверувала дека само тој и неговите пријатели ќе присуствуваат на фестивалот. Навистина не сака да чека во редици.rnrnПогледнете и некои од најневеројатните фестивали што се прославуваат ширум светот.