КАФЕ ПАУЗА

9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

Дали би пробале една од најотровните риби на светот, овчо сирење со ларви од инсекти или змиско вино? Секој народ има свои специјалитети, а денес ви прикажуваме дел од најнеобичните јадења кои постојат во светот.rn

1. Санаки, жив октопод (Кореја)

rn9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светотrnrnОктоподот се сече на парчиња додека сѐ уште е жив, се прелива со масло од сусам и веднаш се сервира. Можете да видите како сѐ уште мрда додека стои во вашата чинија. Јадењето жив октопод не само што е ментален предизвик затоа што ќе морате да се соочите со фактот дека вие јадете нешто што сѐ уште мрда, туку исто така и физички затоа што ќе морате малку да се борите со вашата храна за да го почувствувате нејзиниот вкус.rn

2. Кисела харинга (Шведска)

rn9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светотrnrnЕдно од најчудните јадења на светот е оваа балтичка харинга. Таа може да се пронајде на полиците во супермаркетите во Шведска. Харингата е сурова и се наоѓа во конзерви во кои се става за да се спречи гниењето на рибите. Процесот на ферментација трае околу 6 месеци и на рибата ѝ дава солено-кисел вкус.rn

3. Копи Лувак (Индонезија)

rn9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светотrnrnНајретките и најскапите кафиња на светот се прават од измет на животните кои потсетуваат на мачки, односно од едни диви животни кои се со изразени очи, издолжена муцка и многу остри канџи и заби. Овие ѕверки во текот на ноќта се искачуваат по дрвјата, каде што ги берат и ги јадат само најдобрите зрна кафе и откако ќе ја изгризат надворешноста, го проголтуваат внатрешното тврдо зрно, кое го исфрлуваат преку изметот.rn

4. Фуга (Јапонија)

rn9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светотrnrnДали сте слушнале за фуга? Со оваа риба треба да бидете многу внимателни, затоа што таа е една од најотровните на светот и ако не се подготвува правилно, може да ве убие. Овој деликатес е многу популарен во Јапонија и може да го подготвуваат само вешти готвачи. Отровните органи и кожата внимателно се отстрануваат и она што останува е вкусното месо. Поради тоа во Јапонија го подготвуваат само специјални експерти кои се обучени за подготовка на тој вид риба, а рестораните мораат да поседуваат специјална дозвола за нивно послужување. Поради непрофесионална подготовка на овој чуден специјалитет, имаат починато 15 лица. Тој се јаде во зимскиот период, кога се лови фугата.rn

5. Касу Марзу (Сардинија)

rn9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светотrnrnСтанува збор за овчо сирење кое во себе содржи ларви од инсекти и е многу популарен производ во Сардинија. Најчесто се јаде со ларвите.rn

6. Вино од змија (Виетнам)

rn9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светотrnrnЗмиското вино е алкохолен пијалак кој се добива така што во шишето со вино се става цела змија. Се верува дека отровот на смртоносните змии како што е кобрата или ѕвечарката, може да биде разложен со долготрајното стоење во алкохол и дека она што останува во шишето им дава на луѓето сила и виталност, а според традиционалната кинеска медицина, може да оживее и човек.rn

7. Балут (Филипини)

rn9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светотrnrnМожеби сте изненадени секој пат кога ќе отворите Киндер јајце, но ништо не може да се спореди со изненадувањето што се крие во Балут јајце од Филипините. Станува збор за јајце од патка или кокошка со речиси развиен ембрион. Најпрво се срка течноста која го опкружува ембрионот, а потоа се лупи јајцето и се јаде содржината која има коски, клун и пердуви на ембрионот. Ова е толку честа храна во овие земји, што дури се продава и на уличните штандови.rn

8. Печена тарантула

rn9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светотrnrnЗа овој десерт да се најде во вашата чинија, готвачот претходно би требало да убие тарантула. Тоа се прави со прободување со стап или нејзино давење во врела вода. Тарантулата стои во маринада направена од шеќер, сол, пилешка супа и локални зачини, а потоа се пржи во масло. Може да се купи на улица и да се јаде како ужина.rn

9. Хагис (Шкотска)

rn9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светотrnrnЦрниот дроб, белиот дроб и срцето на овцата во Шкотска се вистински деликатес. Тој може да се најде во рестораните и е дел од постојаните менија на повеќето пабови. Типично се послужува со кромид, закини, каша од јачмен и супа, а за да добие посебен шарм, се додава и варен желудник од овца.