Полнетите елеци или како што некои ги нарекуваат пуф елеци, претставуваат спортска варијанта на женски елеци, кои од сезона низ сезона повторно се враќаат на модната сцена. Меѓутоа, дека тие не се резервирани само за носење во спортски варијанти, се потврдило многупати досега. Ние решивме да ви помогнеме и да ви претставиме неколку начини за носење на пуф елеците во текот на оваа зима.rnrn
rn
1. Тие се одлични во црна варијанта
rnЦрната боја секогаш е добар избор. Со оглед на тоа дека пуф елеците знаат визуелно да ве направат да изгледате подебело и пошироко, црната боја е добра за да создаде контраефект. Уште една предност на црната боја се огледува во тоа што со неа може да ги комбинирате сите останати бои.rnrn

rn
2. Избирајте елеци со дискретни принтови
rnКога ќе се одлучите за елек со принтови, секогаш избирајте дискретни варијанти, бидејќи во спротивно тие може дополнително да ве прошируваат. Исто така, попрепорачливо е да избирате елеци со принт во вид на вертикални пруги, отколку со хоризонтални.rnrn
rn
3. Оживете ги
rnЗа да ја истакнете на вистински начин својата дневна комбинација, изберете елек со силни или барем впечатливи бои. Меѓутоа, доколку се одлучите за пуф елек во бела боја, тогаш слободно може да го потполните со карирана кошула или некое друго парче со принт, бидејќи на тој начин само тој ќе дојде до израз.rnrn
rn
4. Не претерувајте со слоевито облекување
rnПуф елеците се доволно гломазни, па затоа кога ќе ги носите не претерувајте со слоевито облекување. Најдобро е да се одлучите за џемпер или кошула, и преку нив да облечете пуф елек, наместо тоа да биде слоевита гардероба која само ќе направи да изгледате покрупно.rnrn
rn
5. Облечете пуф елек врз пуф џемпер
rnНекои варијанти на пуф елеци не се толку полни, па многу лесно можете да ги носите преку пуф џемпери. Оваа зима, овие комбинации се многу атрактивни, па затоа слободно облечете ги во некоја прилика.rnrn

