Дознајте зошто најздравите луѓе на светот пијат сок од кисели краставички секој ден
Доколку сте љубители на киселите краставички, имаме добри вести за вас! Сокот што останува во теглата откако ќе ги изедете е исто така многу здрав. Киселите краставички содржат многу вода и минерали како што се калиум, магнезиум и манган, па затоа се одлични за хидратација и детоксикација.
Овој кисел сок има моќ да го регулира крвниот притисок и да ја подобри работата на дигестивниот систем. Одличен е и за исфрлање на сите штетни материи од организмот. Освен тоа, содржи и голема количина витамин А, влакна и силициум кој е многу важен за здравјето на кожата. Постојат уште 5 значајни придобивки од сокот од кисели краставички кои сигурно ќе ве убедат да почнете да го консумирате секојдневно…
1. Ја спречува дехидратацијата и ја гаси и најголемата жед
Ако сте многу жедни, наместо вода напијте се малку сок од кисели краставички. За да ја згаснете жедта мора да внесете калиум и натриум во организмот, а со оглед на тоа што овој пијалак ги содржи и двете, ако се напиете малку од него, веднаш ќе се освежите.
2. Ги опушта мускулите
Ако се чувствувате исцрпено по вежбањето, напијте се од овој сок. Ќе ви ја ублажи болката во мускулите и ќе ви помогне да закрепнете за кратко време.
3. Претставува евтина замена за спортските пијалаци
Напивките што ги пијат спортистите не се воопшто евтини, но сокот од кисели краставички не чини многу, а го содржи сето она што ви е потребно.
4. Содржи многу витамини и антиоксиданси
Верувале или не, сокот од кисели краставички содржи голема количина витамин Ц и Е. Освен тоа, тој е полн со антиоксиданси, а оваа комбинација ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви ја подобри општата благосостојба на организмот.
5. Помага при слабеење
Исто како и јаболковиот оцет, така и сокот од кисели краставички може да ви помогне да ослабите. Пијте барем една лажичка дневно и веднаш ќе забележите резултати.
Доколку сакате да ги внесете киселите краставички во вашата исхрана прочитајте го овој рецепт за неодолива крем-салата со пченка и кисели краставички.