Совршена комбинација од страст и интелект: Овој хороскопски знак е неодоливо привлечен
Припадниците на овој хороскопски знак многу се разликуваат од останатите. Тие водат вечна борба со нивниот внатрешен дух кој е немирен и непокорлив. Имаат добра и лоша страна, конструктивна и деструктивна. Имате идеја за кого станува збор? Секако дека овој опис најмногу им одговара на Скорпиите.
Скорпиите се многу динамични и активни. Кај нив никогаш не се знае кои сили ќе преовладаат: Дали деструктивните или пак креативните? Животот им е неизвесен и никогаш не се знае која сила во кој животен период ќе победи. Родените во овој знак се многу интуитивни и страсни. Освен тоа, имаат многу силна и изразена потсвест.
Симболот на овој хороскопски знак е река. Скорпиите се длабоки како река, носат многу непознати и скриени нешта со себе, постојано се во движење, а животот им е динамичен, полн со препреки, кризи и внатрешни конфликти. Кога се предаваат, тоа го прават целосно, без никаква кочница, било да се работи за љубов, пријателство или работа.
Скорпијата е осмиот знак по ред и тој во себе крие многу тајни. Припадниците на овој знак се многу мистериозни, па затоа им одговараат професии од таква природа. Не е случајност тоа што Скорпиите се најдобрите детективи во зодијакот, во овој знак се родени и многу луѓе со истражувачки дух како што се Марија Кири, Парацелзус и други. Освен тоа, тие се креативни и големи уметници, а пример за тоа се Тургењев, Едгар Алан По, Достоевски и Пикасо. Скорпиите се добри во сите професии што се поврзани со телото и смртта како што се хирургија, гинекологија, медицина и посебно патологија. Тие се и добри астролози.
Кога станува збор за љубовта, тие се емотивни, страсни и интензивни. Поминуваат низ голем број раскинувања во текот на животот, бидејќи нивното мото е „Сѐ или ништо“. Поседуваат голема сексуалност што понекогаш ги доведува до промискуитет, ако претераат. Доколку ја задржат сексуалната енергија во себе, таа може да се претвори во креативна енергија, па затоа се смета дека најголемите гении кои оставиле белег на човештвото се родени токму во овој знак.
Скорпиите се многу интелигентни. Тие ги рушат старите норми и вредности и создаваат нови, уште поголеми. Овој знак поседува голема моќ за трансформација и регенерација. Токму затоа Скорпиите поминуваат низ големи промени.
Припадниците на овој знак често поминуваат низ кризи и падови за потоа како феникси да се издигнат од пепелта и да започнат нов живот, чиниш доживеале преродба, но не телесна, туку духовна. Тогаш ја почнуваат новата фаза од нивниот живот, целосно прочистени благодарение на длабоките емоции.
На некои луѓе Скорпиите им се неодоливо привлечни, бидејќи умеат да ги воочат нивните позитивни страни. Други, пак, се плашат од нив и ги одбегнуваат поради нивниот лош темперамент и променливо расположение. Во секој случај, никој не може да им остане рамнодушен. Луѓето или ги обожаваат или не можат да ги поднесат, нема средина. Без оглед на тоа дали се сакани или не, несомнено е дека Скорпиите оставаат впечаток што не се заборава.
Во продолжение прочитајте кои се позитивните и негативните страни на Скорпиите кога станува збор за љубовта.