5 причини зошто е подобро да вежбате во природа отколку во теретана

5 причини зошто е подобро да вежбате во природа отколку во теретана

Вежбањето на отворено, во природа, со себе носи многу повеќе корист и предности од вежбањето во затворен простор. Пролетта е наскоро пред нас, што значи дека постојат безброј активности во кои можете да уживате надвор. Трчање, планинарење, тренинг во парк или велосипедизам, се некои од активностите кои можете да ги практикувате секогаш и секаде. Навистина постојат многу предности кои би требало да ве убедат да вежбате надвор, а ова се најдобрите 5.

1. Излегувањето на сонце го зголемува нивото на витамин Д во телото и помага за оптимизација на хормоните

Витаминот Д помага во борбата против инфекциите така што благотворно им влијае на мускулите, срцето, белите дробови и мозокот да работат оптимално. Недостатокот на витамин Д, исто така е поврзан со некои други состојби како што се ракот, асмата, дијабетесот тип 2, високиот крвен притисок, депресијата, Алцхајмеровата болест, и различни автоимуни заболувања како што се мултиплекс склероза, Кронова болест и дијабетес тип 1.

2. Нивото на кислород е поголемо кога сте на свеж воздух на отворено отколку во затворен простор

Недостатокот на кислород може да доведе до замор, поспаност, тапост на умот и раздразливост.

3. Вежбањето на отворено докажано ве прави посреќни и ја намалува стапката на депресија

Редовното вежбање докажано го намалува стресот, создава одбрана против анксиозноста и чувството на депресија, ја поттикнува самодовербата и го подобрува сонот.

4. Зеленилото и природата може да го подигнат нивото на серотонин

Серотонинот е невротрансмитер кој е составен дел од контролата за апетит, сон и здрав метаболизам.

5. Сензорната стимулација подобро функционира за време на вежбањето на отворено

Вежбите се корисни за физичкото и менталното здравје, а сензорната стимулација може да го подобри животниот квалитет на една просечна личност. Тоа е особено важно за личностите кои се борат со деменција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар