Прашањето зошто многу славни цртани ликови носат бели ракавици, потекнува уште од цртаниот филм „An Extremely Goofy Movie“ од 2000 година кога Боби Зимеруски, пријател на главниот лик Макс Гуф, погледнува во своите раце и прашува: „Што мислиш, зошто ние секогаш носиме бели ракавици?“rnrn
rnrnТогаш не дошол одговорот, но затоа, неколку години подоцна, Џон Кенмејкер, кој ги проучувал анимациите и е професор на Универзитетот во Њујорк, истакнал дека постојат три причини поради кои многу класични анимирани ликови носат бели ракавици. Еве за кои станува збор.rn
1. Цртањето ракавици заштедува време
rnКога била родена анимацијата, уметниците по одредено време сфатиле дека многу полесно им е да нацртаат ракавици, отколку да цртаат раце со сите детали на нив. На тој начин цртањето било и побрзо и поедноставно.rn
2. Белите ракавици повеќе се истакнуваат
rnВо црно-белите анимирани филмови, црните раце биле тешко воочливи покрај црното тело на ликовите. Затоа, аниматорите им ставиле бели ракавици за рацете повеќе да бидат истакнати.rnrn
rn
3. Волт Дизни сакал на ликовите да им даде човечки карактеристики
rnВо својата биографија од 1968 година, „The Disney Version“, самиот Волт Дизни дал одговор на прашањето зошто одлучил Мики Маус, како прв анимиран лик кој го создал, да носи ракавици. Така, тој објаснил дека не сакале овој лик да има раце на глувче, затоа што било замислено да има човечки ракавици, па затоа и така му ги нацртале.rnrn
rnrnИнтересно е тоа што многу птици во цртаните филмови не носат ракавици. Но, експертите за анимација посочуваат дека можеби никогаш нема да добиеме објаснување за оваа одлука.rnrn
rnrnВо англискиот јазик постои и израз „white glove test“ (тест на бели ракавици), кој означува важност дека нешто е направено беспрекорно, прецизно и без грешки.rnrn
rnrnТоа потекнува од практиката која настанала во САД во 1950-тите години, кога се ставале бели ракавици, па потоа со прстите се поминувало по одредена површина за да се утврди колку е истата чиста.rnrn
rnrnПогледнете го и видеото за подетално објаснување.rn