КАФЕ ПАУЗА

Забавна варијанта на класичниот француски маникир

Забавна варијанта на класичниот француски маникир

Нема девојка и жена која не го обожава елегантниот и безвремен француски маникир. Сепак, што велите да ја замените палетата од бели и светло розови нијанси со шарена палета по ваш избор? Том Бејчек, експертот за нокти во Лореал, ни презентира едноставен туторијал за видоизменет француски маникир во повеќе бои со користење на богатата палета со која располага француската компанија. Овој француски маникир се разликува и по тоа што различно обоениот дел е поместен странично на ноктот, наместо долу како што е случајот во класичната варијанта.rnrnЗабавна варијанта на класичниот француски маникирrnrnБез разлика со кој бренд на лакови ќе работите, за овој маникир ви се потребни:rn

    rn011

  • 5 различни бои на лакови за нокти
  • rn011

  • 1 лак со појака (непроѕирна) боја
  • rn011

  • Проѕирен лак за финиширање
  • rn

rnЗабавна варијанта на класичниот француски маникирrnrnОткако ги избравте петте бои со кои ќе работите, нанесете внимателно од секој лак на по еден нокт. Опфатете ја само едната страна од ноктот. Откако ќе ви се исушат ноктите, земете го непроѕирниот лак, во случајов, темновиолетов, и покријте го остатокот од ноктот, притоа фаќајќи и мал дел од претходно обоената површина. На крајот завршете со лак за долготрајна заштита и сјај на вашиот маникир.rnrnГотово. Толку едноставно! Сега почнете да мрткате со прстите. Дефинитивно ќе им биде интересно на оние околу вас. :)rnrnЗабавна варијанта на класичниот француски маникир Забавна варијанта на класичниот француски маникир Забавна варијанта на класичниот француски маникир Забавна варијанта на класичниот француски маникир Забавна варијанта на класичниот француски маникир Забавна варијанта на класичниот француски маникир Забавна варијанта на класичниот француски маникирrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.