Соништата се потсетник на нашите заборавени и неостварени копнежи

Соништата се потсетник на нашите заборавени и неостварени копнежи

Дали знаете што значат вашите соништа? Разбирањето на соништата е моќна алатка која може да ви помогне во различни фази од животот. Со текот на времето, како што стареете, можеби нема да се сеќавате на сите соништа, но не треба да заборавите дека сите ние сонуваме и кога сме будни. Важно е да ги споделувате вашите соништа и да разговарате за оние од кои можеби сте се откажале. Нормално е да сте пропуштиле одредени работи поради други животни одлуки кои ве одвеле на различен пат како што се образованието, бракот или професијата.

Соништата се потсетник на нашите заборавени и неостварени копнежи

Абориџините имаат еден обичај што се вика „време за сонување“, древна метафора што ја користат за да ја разберат нивната потсвест. Ако постојано се навраќате на соништата што сте ги оставиле зад себе, ќе можете да пронајдете начин да ги направите дел од вашата иднина.

Ако живеете така што никогаш не ги откривате скриените работи, вашето вистинско „јас“ исто така ќе остане скриено. Ќе доживеете љубов и ќе стекнете пријатели, но постојано ќе недостасува нешто суштинско. Ќе чувствувате празнина длабоко во себе и нема да се чувствувате исполнето.

Освен тоа, ако постојат соништа и амбиции од кои сте се откажале или сте ги заборавиле, ќе имате чувство дека не сте ја исполниле вашата животна цел. Истото важи и за сите негативни животни искуства што ги потиснувате. Постојано ќе ги носите како товар и ќе се обидувате да ги скриете што е можно подлабоко за да се чувствувате сигурно. Не е поентата да ги споделувате овие делови од себе со кого било. Важно е да најдете човек од доверба кој ќе ве сослуша и ќе ги чува вашите приказни како нешто свето и лично. За да живеете „разголено“ треба да најдете некого со кого ќе можете да ги споделите вашите длабоко скриени тајни и кој ќе ви помогне да си ја вратите енергијата што тие цело време ви ја црпеле.

Истото важи и за вашите минати неостварени соништа што ги криете под површината на личноста која ја прикажувате во јавност. Но, можете да го надминете овој проблем, со тоа што ќе почнете да ги споделувате вашите соништа. За почеток, поставете си ги следниве прашања…

  • По што копнеете?
  • Што сакате да смените?
  • Што би направиле кога би можеле?
  • Што ве спречува во тоа?

Од клучна важност е да имате сведок за време на вашите откритија. Можете и самите да се откриете емоционално, но нема да можете да стигнете предалеку. Ако се „соголите“ емоционално пред човекот кому му верувате, ќе ги разбудите вашите најдлабоко скриени емоции. Благодарение на ова искуство на поврзување и зближување, ќе можете да доживеете трансформација.

Секако дека ако посветите премногу време на негативните сеќавања и верувања, нема да се чувствувате подобро. Исто како што лузните од минатото можат да ве просветлат, така можат и да ви го попречат патот кон успехот. Клучот лежи во тоа да ја најдете врската меѓу лузната и откровението. Таа може да е маскирана во позитивна сенка која се одразува на другите како чувство на восхит или завист. Можете да го трансформирате чувството на завист ако се сконцентрирате на она што ве прави среќни. Вашите моментални желби треба да имаат најголемо влијание на вашата животна скица за иднината, а не вашите стравови од минатото.

Соништата се потсетник на нашите заборавени и неостварени копнежи

Прочитајте ја следнава инспиративна приказна што служи како пример за тоа како зависта може да ви помогне да ги остварите вашите најдлабоки копнежи…

71-годишна вдовица чиј сопруг починал побарала совет од животен тренер. Таа му рекла дека иако сопругот ѝ оставил многу пари, таа не била исполнета. Сакала да прави нешто значајно во животот. Тренерот ја прашал дали постојат некои соништа од кои таа се откажала.

Настапила долга тишина. Таа длабоко размислила и одговорила потврдно. Кога била млада, таа обожавала да танцува. Сакала да игра балет, класични танци, современи, секакви! Но, забременила кога имала 20 години и се посветила на семејниот живот. Ги оставила нејзините соништа поврзани со танцувањето настрана и комплетно ги заборавила.

Никогаш никој не ѝ поставил вакво прашање и таа не размислувала за овие соништа со децении. Можело да се забележи дека оваа тема го отвора нејзиниот длабоко закопан сон кој е одраз на нејзината суштина. Тренерот ја прашал:

„Дали танцот е дел од твојот живот сега? Дали посетуваш танцови изведби?“

Таа одговорила потврдно, но открила дека понекогаш се чувствува тажно кога гледа танцови изведби, бидејќи тие ја потсетуваат на нејзиниот силен копнеж по танцувањето. Со други зборови, таа чувствувала завист.

„Па, зошто не танцувате тогаш?“, ја прашал тренерот.

„Вие сте луди! Премногу сум стара!“, одговорила старицата.

На крајот, старицата почнала да оди на часови по танцување кои ги обожавала! Нејзината инструктора постојано ѝ кажувала дека таа танцува подобро од многу жени кои се дупло помлади од неа. Нормално дека таа уживала да го слуша тоа. Таа и уште неколку други помлади жени на возраст од 60 години формирале група и почнале да танцуваат во старечки домови, училишта и цркви.

Оваа приказна е доказ за тоа дека ако ги споделите вашите соништа, ќе можете да најдете начин да ги претворите во реалност. Па, кои се вашите соништа? Со кого би можеле да ги споделите? Дали знаете дека никогаш не е доцна за да ги остварите? Одговорите се кријат во вашата потсвест и чекаат да бидат откриени.

Доколку сакате вистински да се себе-реализирате, погледнете ги овие 12 моќни начини што ќе ви помогнат да влезете во подлабоката димензија на животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар