Што ќе се случи ако секој ден во текот на 1 месец правите по 10 склекови?
Велат дека дури и малите промени во животот можат да дадат големи резултати. Кристен Домонел решила да ја открие оваа теорија така што додала склекови во својата вообичаена секојдневна рутина. Таа правела по 10 склекови секојдневно, во рок од еден месец. Во продолжение прочитајте што ѝ се случило, како и што вам може да ви се случи ако го сторите истото.
Повеќе енергија
Иако таа се будела поспана и без волја, кога правела склекови рано наутро, па потоа сè останато, таа чувствувала необјаснив порив на енергија дури и пред да го испие своето прво утринско кафе. Со утринските склекови вие го зголемувате бројот на отчукувањата на срцето, дишењето, како и температурата на телото и на тој начин влијаете на тоа да се чувствувате поенергични и порасположени. Дури и кратките утрински вежби од само неколку минути можат да го елиминираат чувството на анксиозност и стрес, како и да го подобрат целосното расположение.
Промена во изгледот
Иако реално не можат многу нешта да се променат во текот на еден месец, сепак таа забележала промена на своето тело. Имајте на ум дека физичкиот изглед и резултатите од вежбањето варираат од човек до човек, но во зависност од вашата градба, можете да забележите поголема или помала разлика по секојдневното правење склекови во период од еден месец. Вашето тело ќе добие поцврст и подефиниран изглед и ако продолжите и понатаму со истото темпо, големи се шансите дека набрзо ќе сите околу вас ќе почнат да го забележуваат истото. Да не заборавиме да го спомнеме и свежиот изглед на вашето лице, што доаѓа по практикувањето на каква било физичка активност.
Посилно и постабилно држење
Ако мислевте дека склековите имаат најголемо влијание на рацете и градите, тогаш без сомнение сте во заблуда. Доколку правилно ги изведувате, целото ваше тело може да има корист. Тоа што луѓето најчесто не го забележуваат кај склековите е фактот дека станува збор за вежба што го ангажира целото тело. Дури и по само една недела вежбање вие ќе почнете да се чувствувате посилни и ќе се движите поисправено. Како што ќе поминува времето, така сè потешко ќе се заморувате и сè полесно ќе ги изведувате секојдневните домашни и работни обврски.
Секоја активност е еден вид физички стрес за вашето тело, па затоа е многу важно да имате и доволно време за да се одморите. Но, тоа не значи дека треба да го поминете денот лежејќи во пижами, туку да се фокусирате на поедноставни активности што ќе продолжат да ја движат циркулацијата на крвта низ вашето тело додека истовремено и го одмораат. Се надеваме дека експериментот на оваа девојка ќе ве инспирира да вметнете склекови во вашето секојдневие, а со тоа и да го подобрите вашето здравје.
Барате повеќе ефикасни начини да го трансформирате вашето тело? Овие 7 вежби се навистина одлични и ќе ви бидат од голема помош доколку сакате да ги постигнете вашите фитнес цели!