Колку повеќе го изучуваме мозокот, толку повеќе мистерии откриваме. Плацебо ефектот е еден од најголемите примери за ова. Тоа е општ концепт во психологијата кој објаснува како индивидуите можат да добијат физички и психолошки ефекти од „апче“ дури и тогаш кога не постојат никакви медицински состојки во него. Најчестите плацебо апчиња се само „шеќерни апчиња“ маскирани во „вистинска медицина“.rnrn
rnrnПричината поради која овој плацебо ефект функционира се очекувањата на нашиот мозок дека тој лек би требало да ни влијае позитивно и нашиот ум и тело на некој начин ги остваруваат тие очекувања. Плацебо ефектот е доказ дека нашиот ум има некакво влијание врз нашето тело. Тоа не значи дека можеме да го употребуваме за да излечиме сериозни болести или нарушувања (вистинската медицина сè уште има причина за постоење), но сепак овој ефект може да биде корисна алатка за создавање на мали подобрувања во нашето општо здравје, расположение и добросостојба.rnrnНајчесто плацебо апчињата се препишуваат без пациентот да знае дека тие се невистинити, но новите студии покажуваат дека овие апчиња функционираат дури и кога пациентите ја знаат вистината за нив. Токму овие истражувања ни укажуваат дека секој од нас може да си направи плацебо апче и да добие позитивен фидбек од него. Погледнете ги наредниве основни инструкции според кои можете да создадете ваша лична плацебо капсула.rnrn1. Купете празни капсули. Можете да ги најдете во некои аптеки.rnrn2. Наполнете ги празните капсули со безопасна супстанца, како шеќер.rnrn3. Најдете празно шише за апчиња.rnrn4. Извадете ја старата етикета.rnrn5. Одберете што сакате да подобрите кај себе. На пример:rn
- rn011
- Фокусирање
- Волја
- Релаксирање
- Среќа
- Интелигенција
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn6. Направете нова етикета со името на вашите плацебо апчиња. Можете да ги наречете некако едноставно, како на пример, „Капсула за интелигенција“ или можеби би можеле да смислите некое покреативно и поинспиративно име како „Капсула за Супер Гениј како Алберт Ајнштајн“.rnrn7. Додадете инструкции на етикетата. На пример, „Земете една капсула дневно за подобрување на волјата, мотивацијата и самодисциплината“.rnrn8. Залепете ја новата етикета на шишето.rnrn9. Пијте по едно апче секое утро кога ќе чувствувате дека ви е потребна мала помош.rnrn10. Направете повеќе плацебо капсули за различни нешта и потоа одлучете кои од нив кога би ги пиеле.rnrnСекако, овие апчиња не се вистински и не смеете да ги користите како замена за кои било медикаменти. Станува збор само за шеќер. Оваа терапија може да се користи само како забавен начин за подобрување на вашата мотивација и однесување.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
