Како изгледа појадокот на најздравите луѓе во светот?

Сподели

rn

Реклама

Смуди од авокадо

rnОва е одличен појадок за луѓето кои активно го започнуваат утрото. Универзалниот рецепт изгледа вака: една половина авокадо, една половина кисела павлака, половина шолја млеко, 1 банана, прстофат ванила и грст спанаќ. Вкусот навистина ќе ве изненади!rn

Здрави палачинки

rnРецептот за овие палачинки е едноставен: Една лажица протеин во прав, белка од јајце, 1/2 пасирана банана и смелено ленено семе. Оваа комбинација оди одлично со зелен чај. Вкусен и хранлив појадок, богат со протеини.rn

Каша со пире од банана

rnКашата со млеко ќе ве држи сити цело утро. Ако додадете и пире од банана, појадокот ќе биде уште повкусен.rn

Омлет со авокадо и лосос

rnЗа да имате здрав појадок богат со проетини, можете да додадете авокадо и парчиња лосос во вашиот обичен омлет.rn

Домашна супа

rnОвој појадок е одличен за љубителите на традиционалната кујна. Супата од кокошка со моркови, целер и фиде претставува одлична комбинација од протеини и јаглехидрати и гарантира успешен почеток на напорниот ден.rn

Омлет со зеленчук

rnМожете да направите колкава количина сакате од овој омлет и да го поделите на неколку оброци. Освен тоа, секогаш можете да додадете нешто ново, бидејќи сигурно имате најразлични зеленчуци во фрижидерот.rn

Потпечено лепче со кашкавал и јајца

rnПотпечете го лепчето со авокадо и кашкавал во рерна. Ставете тазе испржено јајце одозгора и зачинете го по вкус. Не само што овој оброк е одличен извор на протеини и корисни масти, туку и ќе ве држи сити до ручекот.

Доколку сакате да добиете уште идеи за тоа како да го започнете денот, погледнете ги и овие оригинални предлози за здрав појадок.

Популарно

Може ќе ве интересира