8 брзи начини да го подобрите расположението

Сподели

Многу од секојдневните ситуации и обврски придонесуваат за намалување на расположението. Во такви моменти, сѐ што сакате е да се оддалечите од сите и да се смирите. Сепак, за жал, не можете секогаш да го најдете вистинскиот излез од таквите ситуации. Но, постојат некои брзи, но навистина ефикасни начини за да се расположите и да ја вратите својата енергија, а во продолжение погледнете кои се тие.

Реклама

rn

1. Јавете ѝ се на вашата мајка

rnМожете да им испратите илјадници пораки на вашите пријатели, но ништо нема подобро да ве расположи од гласот на вашата мајка или некој друг член на семејството. Покрај сета бучава и стрес, нивниот пријатен глас добро ќе ви влијае.

rn

2. Јадете зачинета или топла храна

rnЗачинетата или топла храна ја зголемува температурата во организмот, при што се опушта целото тело. Ако почувствувате дека сте совладани од некои негативни чувства, тогаш посегнете по топол чај од ѓумбир, или пак релаксирајте се во топла бања. Зголемувањето на телесната температура ја намалува напнатоста во мускулите, ги променува навиките во мозокот, а и го подобрува расположението.

rn

3. Лулајте се

rnДали некогаш сте се запрашале зошто старите луѓе изгледаат среќно во столовите за лулање? Всушност, лулањето е природен начин за опуштање на телото. Ритмичките движења му овозможуваат на мозокот да се опушти, а со тоа се забавуваат и отчукувањата на срцето.

rn

4. Ставете си детска, миризлива пудра

rnОткако ќе се истуширате, ставете си на телото пудра или некој друг детски производ со јак мирис. Зошто да го направите ова? Затоа што мирисот на детската пудра може да го победи лошото расположение и да ви создаде чувство на сигурност и удобност.

rn

5. Правете пауза четири пати на ден

rnСпоред психијатарите од медицинскиот центар во Њујорк, петминутните паузи четири пати дневно (вкупно 20 минути) се одлични затоа што со помош на нив можете да го намалите нивото на стрес за околу 50%. Најважна е паузата после будењето.

rn

6. Кажувајте шеги

rnКолку повеќе се смеете, толку повеќе ќе ги отфрлате негативните чувства. Имено, смеењето испраќа позитивни сигнали до мозокот, а тој возвраќа со добро расположение.

rn

7. Носете пастелни бои

rnМожеби мислите дека веселите тонови како што е портокаловата, светло црвената или жолтата го стимулираат телото, но тие всушност може да предизвикаат нервоза, затоа што се премногу енергични. Потоплите тонови имаат ефект на негување и смирување.

rn

8. Вежбајте

rnВежбањето од десет или повеќе минути во текот на денот ќе ви го оттргне лошото расположение. Умереното вежбање е добро, но не треба да претерате, затоа што тоа нема да ве направи повеќе среќни.

Исто така можете да откриете како да влијаете на вашето расположение со помош на боите.

Популарно

Може ќе ве интересира