Косата игра огромна улога во женската привлечност: Еве што им е најважно на мажите

Косата игра огромна улога во женската привлечност: Еве што им е најважно на мажите

Можеби отсекогаш сте мислеле дека мажите сакаат русокоси девојки, но тоа е далеку од вистината. Која жена ќе им го привлече вниманието, зависи од многу различни нешта. Секако, постојат одредени момци кои се привлечени од одреден тип жени и се фокусираат само на нив, но постојат и такви на кои може да им се допаднат различни карактери. Но, каква е ситуацијата кога станува збор за фризурите на жените? Дали знаете каква коса мажите сакаат да видат кај нивната понежна половина? Погледнете ги размислувањата од машки агол и дознајте со која фризура можете најлесно да ги привлечете.

Косата игра огромна улога во женската привлечност: Еве што им е најважно на мажите

Дали мажите сакаат кратка или долга коса?

Долгата коса отсекогаш била и секогаш ќе биде една од најдобрите карактеристики на женската привлечност. Прекрасната распуштена коса привлекува многу погледи и може да биде голема предност ако е чиста, уредно средена и негувана. Колку што е подолга, толку подобро, затоа што таа секогаш умее да привлече внимание. И косата со кадрици е исто така одлична, но на поинаков начин. Имено, текстурата на дивата виткана коса е поинаква на допир, момците повеќе може да си играат со неа и да ја допираат. Од друга страна пак, кратката коса истакнува други карактеристики на девојките. Ако девојката носи обетки, ѓердан или има тетоважа на вратот или некаде во негова близина, кратката фризура ќе ги покаже и ќе ги истакне истите овие детали. Исто така кратката коса може да се носи и на повеќе начини, така што не е лошо да изберете и ваква фризура.

Мирисот на косата на девојката

Момците очекуваат косата на девојките да мириса пријатно. Тие го сакаат мирисот на шампон или балсам, а исто така сакаат и кога таа е мазна и мека. Секогаш кога некоја убава девојка ќе помине покрај нив, тие се свртуваат кон неа и се обидуваат да го вдишат мирисот кој таа го остава. Секогаш кога тие ги прегрнуваат девојките, особено посебно внимание обрнуваат на мирисот кој е потврда дека таа девојка не само што изгледа убаво, туку се грижи за себе и за впечатокот кој го остава, а исто така покажува дека има добра лична хигиена. Не значи дека момците ќе ги одбијат девојките ако не мирисаат на шампон или балсам, но секако ова е огромен плус кој ја зголемува нивната привлечност.

Косата собрана нагоре

Некои девојки изгледаат привлечно кога нивната коса е собрана во коњско опавче или пунџа. Изгледа убаво кога целата е прибрана, но момците повеќе сакаат кога таа е пуштена, затоа што на тој начин има голема моќ на привлекување внимание. Но, не треба постојано да ја носите така, дури и ако на овој начин изгледате поубаво, затоа што секогаш е подобро кога ќе смените нешто кај себе и нема да се покажувате во исто издание. Што се однесува до кратката коса, таа им прилега подобро на некои девојки, но, во секој случај, станува збор за различни мислења и вкусови.

Косата игра огромна улога во женската привлечност: Еве што им е најважно на мажите

Обоени прамени кои ја истакнуваат косата

Нагласувањето на одредени прамени секогаш изгледа добро ако тие се направени правилно, но тоа не значи дека косата без обоени прамени не изгледа добро. Доколку некоја девојка која до тогаш имала „обична“ боја на коса, се појави со нови, свежо обоени прамени, веднаш ќе го смени впечатокот кој го остава, па ќе изгледа попривлечна и поинтересна. Затоа, ако сакате да го надополните и да го смените вашиот изглед, па и да добиете повеќе внимание од момците, тогаш вреди да се обидете со истакнување на некои прамени коса. Нема да зажалите!

Менување на бојата на вашата коса

Исто како и обоените прамени, така и промената на бојата на вашата коса може да смени многу во вашиот изглед. Но, внимавајте, затоа што понекогаш резултатите може да не бидат толку добри како и оригиналната боја. Доколку изберете боја која не ви прилега, тоа нема да ви донесе ништо добро. Ако не сте сигурни во тоа што треба да изберете, можете да се консултирате со вашите најблиски и да видите што мислат тие. Уште подобро е ако имате машки пријатели кои може да ви дадат мислење од нивна перспектива. Но, сите момци се различни, па, конечната одлука треба да ја донесете самите, затоа што вие најдобро знаете што ви прилега вам, па кога ќе се погледнете во огледалото треба да го сакате одразот кој го гледате.

Косата игра огромна улога во женската привлечност: Еве што им е најважно на мажите


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар