КАФЕ ПАУЗА

Квиз за сите модерни дами: Каков е вашиот стил на флертување?

Квиз за сите модерни дами: Кој е вашиот стил на флертување?

Дали секогаш оставате позитивен впечаток на првите љубовни состаноци или пак тремата и нервозата си го прават своето и не успевате да закажете втора средба? Овие 5 едноставни прашања ќе ви откријат сѐ што треба да знаете за вашите љубовни вештини…rnrnКвиз за сите модерни дами: Кој е вашиот стил на флертување?rnrn1. Кога симпатијата ќе ви понуди превоз, вие:rnrnа) Го убедувате дека некој веќе доаѓа по васrnrnб) Го ставате палтото на седиште за да не се заразите од бактериите што се насобрале од претходните девојки кои сигурно ги возелrnrnв) Инсистирате вие да возитеrnrn2. Како изгледа вашата модна комбинација за прв љубовен состанок?rnrnа) Ролка во која ќе можете да се скриете секогаш кога ќе ви поцрвенат образитеrnrnб) Маица со смешен натписrnrnв) Задолжително ставате уникатен накит кој ќе ја заскокотка фантазијата на вашиот партнерrnrn3. На романтична вечера нарачувате:rnrnа) Суши. Ако немате одговор на некое прашање, брзо ќе можете да ја наполните устата со парче сушиrnrnб) Шпагети. Борбата со долгите тестенини е секогаш добра причина за смеаrnrnв) Бифтек за двајцата. Без разлика дали вашата симпатија е веган, наскоро ќе мора да игра по вашите правилаrnrn4. Во текот на состанокот, во главата секогаш ви поминува прашањето:rnrnа) Дали вашиот партнер може да забележи колку сте нервозни?rnrnб) Дали сте претерале со саркастичниот коментар за неговата поранешна девојка?rnrnв) Како му беше името?rnrn5. Што кажувате обично на крајот од состанокот кога се разделувате со партнерот?rnrnа) „Вози внимателно“rnrnб) „Па, ова беше интересно…“rnrnв) „Се надевам дека фаќаше белешки за наредниот состанок“rn

РЕЗУЛТАТИ

rn

Најмногу одговори под а) – СРАМЕЖЛИВА

rnДури и најсамоуверените девојки понекогаш стануваат нервозни на првиот љубовен состанок. Тремата е сосема нормална, но не дозволувајте да ви ја уништи вечерта. Покажете му на симпатијата дека знаете да преземете иницијатива така што ќе го одберете местото и времето за средбата. Доколку не знаете за што би можеле да разговарате, разгледајте го неговиот профил на социјалните мрежи. Тоа понекогаш знае да помогне.rn

Најмногу одговори под б) – САРКАСТИЧНА

rnХуморот е одличен за кршење на мразот, немојте да бидете премногу остри или саркастични кон партнерот. Дајте му до знаење кога се шегувате, а кога сте сериозни, за да не предизвикате караница или да го натерате симпатијата да помисли дека сте изгубиле интерес за него.rn

Најмногу одговори под в) – ШЕФИЦА

rnВие владеете со љубовните состаноци! Знаете да ја преземете главната улога што е многу секси во машките очи, но внимавајте состанокот да не се претвори во ваша претстава. Одржувајте динамика така што ќе му поставувате прашања и ќе се интересирате за тоа што му се случува во животот. На тој начин ќе го задржите во ваша близина.rnrnСега откако ги откривте вашите љубовни вештини, направете го и следниов љубовен квиз за да дознаете дали тој е вистинскиот за вас.