Испратете ја 2016-та година на правилниот начин и дочекајте ја 2017-та со отворен ум. Многу често забораваме на убавите нешта што ни се случиле, бидејќи се фокусираме на оние што допрва следуваат, па тоа може да направи да се чувствуваме малку анксиозно. За да го спречите тоа, особено во овој прелазен период исполнет со промени, ве советуваме да ги направите овие 3 листи што ќе ви помогнат да ја доживеете одново целата година и ќе ве подготват со отворено срце да ја дочекате следната…rnrn
rn
1. Листа со најважните постигнувања во 2016 година
rnОваа листа со која ќе ја испратите 2016-та година треба да ги содржи сите завршени цели, без разлика колку мали и незначајни ви изгледаат. Заборавете на грешките и целите што не сте ги оствариле и фокусирајте се на оние нешта што со гордост можете да изјавите дека сте ги завршиле успешно.rnrnСетете се на сите препреки што храбро сте ги прескокнале, на солзите и насмевките, дури и на моментите кога нештата тргнале во погрешна насока, но сепак добро завршиле. Потсетете се и на сите оние нешта што сте ги направиле за другите (семејството, пријателите, колегите…), како и колку пати сте се соочиле со малите и големите животни проблеми и храбро сте продолжиле напред.rn
2. Листа со вашите благодарности
rnПристигнувањето на новата година е период кога размислуваме за промените што треба да ги воведеме во животот. Но, пред да почнете да се критикувате, направете нешто ќе ве развесели и ќе ви помогне да се гордеете со вашиот живот – запишете ги сите оние нешта на кои сте биле благодарни оваа година.rnrnАко сте станале родители, баби или дедовци, ако вашето семејство било здраво, ако сте запознале прекрасна личност или сте обновиле старо пријателство, ако сте имале квалитетна професионална година… За сите овие нешта треба да бидете благодарни! Направете список со сите оние нешта што ви се случиле годинава, а на кои сте многу благодарни и многу брзо ќе сфатите дека зад вас оставате прекрасна и исполнета година.rn
3. Листа со нешта кои едвај ги чекате во 2017 година
rnИако не можеме да ја знаеме иднината, ниту пак да откриеме однапред кои планови ќе ни се остварат, а кои не, сепак запишете си барем 5 (мали или големи) настани кои едвај чекате да ви се случат во новата година.rnrnБез разлика дали станува збор за свадба, ваша или на блиска личност, се радувате на новото продолжение од омилениот филм или серија или пак, ја очекувате дипломата или планирате да ја преуредите терасата – постојат толку многу нешта што имаат потенцијал да ви ја разубават следната година, ваше е само да ги идентификувате и со срце да ги очекувате.